Хашим Тачи незадоволен од извештајот на ЕК
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изрази незадовлство од вчера објавениот извештај на Европската комисија, јавува ТВ 21. На неговиот профил на Фејсбук тој напиша дека поради политички причини,документот не успеал да ја прикаже перпсективата за членство за сите земји од регионот.
– Извештајот за стратегијата за проширување со земјите од Западен Балкан објавен од ЕК не успеа да го разјасни членството на Косово во ЕУ и Косово се соочи со неправда, напиша Тачи.
Според него, неправедниот пристап кон Косово е последица на непризнавањето од пет земји-членки на ЕУ, односно неспособноста на ЕУ за единствен став кон Косово. Но, Тачи додава дека Косово нема да потоне во очај.