Хераклеја Синтика еден од главните акценти на конференција со археолози од Бугарија, Северна Македонија, Грција и Франција
Со проширена програма и обезбедено финансирање почнаа археолошките истражувања за сезоната 2026 во античкиот град Хераклеја Синтика кај Петрич, соопшти раководителот на истражувањата Људмил Вагалински, јавува БТА.
Во ископувањата учествуваат околу 40 работници и пет археолози. Главниот фокус е ставен на доистражување на храмот на Херакле, каде тимот ќе работи на внатрешноста и јужната фасада за да ги утврди датировките, градежните фази и архитектонските особености.
Проф. Вагалински изрази надеж дека оваа сезона ќе бидат откриени нови делови од скулптурната декорација, вклучително и исчезнати елементи од статуата на Херакле. „Многу би се радувал ако ја пронајдеме главата на Херакле“, изјави тој.
Паралелно ќе се истражува и зона со мозаици, каде се очекува откривање на античка улица и придружни простории, како дел од подготовките за трајна конзервација и туристичка презентација на локалитетот.
Во октомври во Сандански ќе се одржи меѓународна археолошка конференција со учество на научници од Бугарија, Грција, Франција и Северна Македонија, каде еден од главните акценти ќе биде Хераклеја Синтика.

