Хероите негатори на македонскиот идентитет или зошто Ванчо Михајлов никогаш нема да биде рехабилитиран во РС Македонија

//

Пишува: Маузер

Пред некој ден „другарите“ од Левица поднесоа тужба против претседателот на „Културниот центар Ванчо Михајлов“- Битола, Љубчо Георгиевски. Пријавениот се терети дека извршил сет на кривичните дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ поради истакнатите цитати од Ванчо Михајлов во просториите на клубот и „дискриминаторска содржина“ на социјалните мрежи. Можете остатокот од нивната објава да го најдете на следниот линк.

Во кратки црти на другарот Апасиев и на неговата весела дружина им смета Ванчо Михајлов. Од самопрогласените сталинисти и партизански наследници тоа не треба да не чуди, прашањето е зошто огромен процент од Македонците се искрено вознемирени од ликот и делото на Ванчо Михајлов. Во ред, не мора да е славен, разбирам до некаде и зошто, но што е толку Ванчо поразличен од било кој друг од таа ера за да биде ставен на таков пиедестал на омраза? Зошто третманот за ликот и делото на Радко, не е ист и за сите други?

Во ставовите на просечниот Македонец, последниот водач на историското ВМРО е дежурен виновник за се. Ќе си помисли човек дека сите пред него чисти како солза осознаени Македонци, а само тој е „слуга на бугарскиот двор“ и предавник.
Кога и да прашам некого, каква е причината за аверзијата кон Ванчо Михајлов сите, вклучувајќи го и нашиот државен врв, спомнуваат 2 грева. Тие се негирањето на Македонците (Македонскиот етнос или нација) и дека бил колаборатор со фашистите. Ајде едно по едно тогаш да ги разгледаме обвиненијата што му се ставаат на „сметката“ на Ванчо Михајлов.

  1. Негатор на македонската нација

Ванчо е најмногу омразен поради тоа што тврди дека македонските словени се Бугари и дека не се поинкава нација или етнос од Бугарите. Односно, во современата македонистичка терминологија – тој го негира постоњето на Македонците. Генерално земено тој е „виновен“ за ова „злодело“, но дали зајавената бугарска национална припадност некогаш била пречка за некого да биде ставен на листата на хероите? Да не бидеме смешни, ретко кој од тие што се слават и чествуват денес не се декларирал како Бугарин, а еден дел од нив и негирале било какво постоње на некакви етнички Македонци. Ајде да видиме, кои историски ликови, освен Ванчо Михајлов го има „негирано постоењето на македонскиот народ“, а не се ставени на црната листа.

Прв на листата за стрелање може да се најде например славниот преродбеник Рајко Жинзифов. На името на овој негатор на македонскиот народ и јазик има улици низ цела наша држава и училиште во самото Скопје. За разлика од Ванчо кој „негира“ Македонци на телевизија, Рајко во 1863 година немал такви медиумски средства. Тој морал да ги негира Македонците во пишана форма, односно во предговорот на својата „Новобългарска сбирка“ (стр 15) тој напишал:

„ Мие, за Българский язик бройме, тоя язик, кой ся говорит по цела Македония, Тракия и България, между говорите на кой има малу разлика, но мие, както и секой Българин не късогледо, не можиме да речиме, що словото ръка или вода е Македонско или Тракийско, а рака, вода е Българско, защото нема Македонци, нема Тракийци като отделни народи, а има само Славяне-Българе, които живеят по речените места, имената на кои, може би, имат си право на землеписанието а не в народността, накъсо да речиме, има един целен народ Български и един язик Български, който как и секой кой му драго другий язик се делит на наречия“.

Како следен на листата може да биде запишан и Арсениј Јовков кој исто има и улици и училишта во Македонија. Тој во 1922 година, кога веќе на широко се дискутира за независноста на Македонија или за нејзино вклучување како посебен дел во некоја Балканска федерација, го пишува следното:
Колкото се отнася до “историческите и етническите граници [на Македония]” – при всичкия си, уж, научен вид, това е едно нелепо съображение, един научен абсурд, защото строго определени граници на Македония историческата география не познава, както не познава и специална “македонска” народност. Строго погледнато, Македония има по-чист български колорит, от колкото некои места, влизащи в територията на самата българска държава, какъвто е напр. Делиорманския край.”

Човекот по кого се именувани училишта и улици во РСМ, во една статија напишана во својот весник „Илинден“ под наслов „Нашата кауза“ ем успеа да ги направи Македонците Бугари, ем да негира било какво постоење на во наводници од него напишано „македонска“ народност.

Примери има уште многу, меѓу нив се дури и АСНОМ-ци кои учествуваат во создавањето на првата форма на македоска државност и темелот на македонската нација. Тие според мене се чист пример за, нека ми простат читателите на простаклукот, дефиниција за „после е**ње нема каење“. Еве некои од негаторите.

Христо Ампов, активист на ВМРО-Обединета например посветил цел научен доклад од речиси 70 страници за тоа како македонска нација не постои. Тој меѓу другото ќе напише: „Но все пак, всичко това, може би, не е толкова важно. По-важен е другия, големия факт, а именно, че гласът на Мисирков, неговия зов за събуждане към живот на една несъществуваща нация, македонска нация, остана глас в пустиня. Нито тук всред македонската емиграция, нито оттатък в поробена Македония зовът на Мисирков намери някакъв отзвук.“

„…късно е вече да се търсят наченки за нова нация, за македонска нация. Такава нация не е съществувала, не съществува и сега, а късно е вече да съществува и някога по простта причина, че историческото развитие не познава поврат назад, то, историческото развитие, е прогресивно – варира само към по-висши форми.”

Друг е Павел Шатев, кој што во последните 10-15 години беше рехабилитиран, но не само тоа – туку и ставен на пиедестал. Гемиџијата пишувал редици и редици за бугарското население во Македонија и неговата историја и развиток. Овој негатор на Македонцие дури и со глава го плаќа несогласувањето со „македонизацијата“, па така со Панко Брашнаров ќе напишат заедно:

„Потребно им е да основат комитет за илинденски пенсии, потребно им е да правят „тържества” за Илинден (ден на голямото македонско въстание от 1903 г., наречено Илинденско, поради това, че беше вдигнато на самия ден св. Илия — 2 август 1903 г.) в Крушево, като трибуна да се ругае всичко българско, макар и да е исторически факт, че илинденците са се чувствали и са действали всякога и навсякъде като хора с българско съзнание

„….наложените от Белград лидери се стремят да смажат всичко българско, без да подбират средства за това. Онези, които проявяват някакво несъгласие с политиката на ЮКП биват смятани за “несъзнателни и българофили“



Мислам дека ја сфативте поентата до сега. Ниту еден од овие погоре не е ставен на столб на срамот и ме интересира каква ќе беше реакцијата, ако клубот се крстеше по било кој од нив и се објавеа нивните цитати

2. Фашистички колаборационист

Второт грев на Ванчо е неговиот наводен колаборационизам со фашистите. Односно колаборација со Бугарите или со Германците. Во однос на првите Ванчо не може никако да биде колаборатор. Тој прво и основно нема никаква функција во Македонија. Дури има неколку смртни ресуди во самата Бугарија и не смее ни да се појави во Македонија, а не пак да биде некаков колаборатор. Човекот живее цело време во егзил, по хотели, селејќи се од едно на друго место со што паѓа и муабетот дека бил некаков си слуга на бугарскиот двор. До толку бил слуга што, не ме фаќајте за збор, но мислам дека има целиот тој период поминато само неколку дена на територијата на Царството Бугарија и тоа е тогаш кога тој одбива да биде колаборационист! На 8ми сетември 1944та година тој ги одбива Германците да стане на чело на НДМ (Независна држава Македонија) и на тој начин да стане активен колаборатор.

Ама ете ќе речат неговите луѓе биле главните соработници во Македонија. Тоа е пак само делумно точно и тоа се луѓе кои делуваат индивидуално. Луѓето како Кирил Дрангов и целиот негов круг на соработници не се ништо повеќе отколку приватни граѓани, а и тие што работат за новата власт работат не затоа што се фашисти туку затоа што се Бугари. Исто како и многу од тие кои сега ги славиме. На листата на „колаборационисти“ може да се најдат и следните лица:

  • Кирил Жерновски , ни помалку ни повеќе е заменик кмет на Скопје, а после тоа е делегат на АСНОМ и заслужен граѓанин во СФРЈ чии што потомци и ден денес се дел од политичката елита на РСМ.
  • Димитар Пандилов – основач на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и човек чија што биста го украсува еден од мостивите на Скопје 2014та. Тој за време на ВСВ бил началник на општина Кукуричани
  • Вангел Чукалевски – командант на Првата македонска ударна бригада на НОВ. Кмет на Старовина.
  • Киро Хаџи Костов – начелник на штабот на Осма македонска бригата. Кмет на Смилево.
  • Стале Попов – познатиот писател и автор на познатиот „Крепен живот“ бил бугарски кмет на Витолиште.
  • Панко Брашнаров и Страхил Гигов се организатори на Бугарскиот Акционен комитет во Велес и ја организираат бугарската власт во градот.

Дали се сите овие ликови предавници? Изгледа дека не, па значи дека соработка со бугарските власти не е само по себе смртен грев, но и кога би било Ванчо не е крив за истиот. Соработка со Германците и НДХ имал во форма на разговори и преговори и што живеел во егзил под нивна заштита. Ако е крив за имање односи со Германците тогаш фашистички соработници се и Швајцарците и Швеѓаните, па бога ми и Совеите, кои не се само што се соработници туку и сојузници со Хитлер до 22.06.1941 година. Ама тоа на другарите од Левица како да не сакаат да го прифатат? Како сведоштво за колаборационизмот на последниот претседател на историското ВМРО е фактот што против него нема никакво обвинение и тој слободно живее во Европа, па дури ни УДБА не покренува никакви акции против него.

Што е тогаш проблемот со Ванчо Михајлов, зошто не може никако да биде рехабилитиран? Прво е фактот што треба некој да е црната овца, дежурниот кривец за се, верниот слуга на бугарскиот двор. На секоја приказна и треба и негативец, некој мора да ја има таа улога. Така Иван Михајлов станува редовниот виновник за се. Монструмот со кој што ќе се плашат масите и кој што на комунистите им требаше да биде главниот колаборационист. Хрватите го имаа Павелиќ, Србите Дража, мора и Македонците да имаат некого. Не бива диктатура на пролетеријатот без „внатрешен непријател“. Се што не чини – стави го на цехот на Ванчо, оти некаде далеку тој правел сплетки. Имаш незадволство и опозиција, обвини ја дека е фашистички колаборатор – „Михајловист“ и проблемот решен засекогаш.
Втората причина поради која Ванчо не може да биде рехабилитран е многу едноставна. За разлика од Тодор Александров, Христо Татарчев, Христо Матов, Ванчо Михајлов не може да биде рехабилитиран, поради простата причина што тој доживеа да го види македонизмот во неговиот полн сјај и успеа пред камера да каже што точно мисли за него.

Другите немаа таква шанса. Не можеа тие дадат суд од современа гледна точка, туку само од таа на нивното време. Бадијала пишувале на хартија дека се Бугари и дека сите Македонци се Бугари. Тоа може да се манипулира, а некој треба и да се потруди да прочита. Видеото е друга работа и не може лесно да се манипулира или да се вади од контекст. За жал или за среќа, последниот водач на ВМРО успеа да доживее и пред својата смрт да ја раскаже својата приказна и да ги отстрани сите сомнежи околу него и неговото животно дело.



Претходна статија

Радост во медиумите, за “братската” љубов на СПЦ …

Следна статија

Софија ги пречекува моштите на светите браќа Кирил и Методиј

Најново од Истакнато

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој