Од 23 до 25 мај 2022 година со благослов на Неговата Светост Митрополитот Софиски и Бугарски Патријарх Неофит и Светиот Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарската Патријаршија, со дозвола на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Светиот Кинотис на Света Гора Атон, во Софија ќе пристигнат и ќе бидат изложени на сенародно поклонение, светите мошти на рамноапостолските браќа Методиј и Кирил
Светите мошти на бугарските просветители Методиј и Кирил во Бугарија ќе ги донесе Неговата Екселенција архимандрит Вартоломеј, игумен на светогорскиот манастир Есфигмен. Моштите се чуваат во Светиот манастир Есфигмен, во седиштето на манастирот – главниот град на монашката република Кареја.
Програмата за пречекот, поклонението, богослужбата во прослава на светите рамноапостоли и испраќањето на светите мошти е следна:
23 МАЈ – ПОНЕДЕЛНИК
12:00 часот – Пречек на светите мошти на крстосницата на бул.„Христо Ботев“ и бул.Александар Стамболијски.
12:20 часот – Пречек на светите мошти во Митрополитскиот соборен храм „Света Недела“;
12:30 – Молитва пред светите мошти;
13:00 часот – Сенародно поклонение пред светите мошти;
17:00 часот – Свечена архиерејска вечерна молитва со пет леба во спомен на светите рамноапостолски браќа Методиј и Кирил;
18:00 – 23:00 часот – Сенародно поклонение. (Ако е потребно, храмот ќе биде отворен цела ноќ.)
24 МАЈ – ВТОРНИК
09:00 часот – Архиерејска света Литургија во чест на светите рамноапостолски браќа Методиј и Кирил;
08:00 – 18:00 часот – Сенародно поклонение на светителите;
17:00 часот – Вечерна молитва во Митрополитскиот соборен храм „Св. недела“;
18:00 часот – Маслосвет за здравје и благослов на верниците пред светите мошти;
19:30 – 23:00 часот – Сенародно поклонение. (Ако е потребно, храмот ќе биде отворен цела ноќ.)
25 МАЈ – СРЕДА
09:00 часот – Архиерејска света Литургија во Митрополитскиот соборен храм „Св. недела“;
12:00 часот – Испраќање на светите мошти кон Света Гора.
Ги покануваме чесниот клир, монасите и верниот народ на Софиската епархија и сите што сакаат да земат учество на овој историски настан, стои во соопштението на Софиската митрополија на Бугарската православа црква-Бугарска патријаршија.