Хоџа на средба со амбасадорот на Албанија: Уставните измени треба да се гласаат во Собранието
Претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г. Фатос Река.
На средбата се разговараше за политичката определба и за визијата на Европската демократска партија за политичките процеси и европската иднина на земјата.
Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека иднината на регионот нема друга алтернатива, освен целосна интеграција во Европската Унија, затоа, како што досега беа заедно Северна Македонија и Албанија рамо до рамо, мора заедно да го продолжат европското патување и во тој контекст беше оценето дека уставните измени треба да се гласаат во Собранието бидејќи со тоа се бетонира и проевропската ориентација на земјата.
Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, која е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интеграцијата во Европската Унија.