| |

Христијан Пендиков ексклузивно пред Фондација „Бугарска памет“: Сè уште добивам закани

Христијан Пендиков го даде своето прво интервју за тимот на Фондацијата „Бугарска памет“ неколку дена откако судското рочиште за неговото брутално претепување повторно беше одложено.

Со Христијан разговараме за неговиот живот како бугарски државјанин, неговото закрепнување, неговите идни цели, помошта од Бугарија и подадената рака од д-р Врабевски.

Кажете ни како ви поминува денот во последно време – каде живеете, што работите?

Живеам во Софија, во моментот ја учам граматиката на нашиот литературен јазик, бугарска историја и се подготвувам за кандидат-студентските испити.

Неодамна добивте бугарско државјанство – дали сега сте поспокоен?

Да, се чувствувам посмирено, бидејќи самото државјанство ми дава поголема сигурност во периодот што ми претстои во Република Северна Македонија по судската постапка, а со самото државјанство станав и државјанин на Европската Унија.

Како оди вашето закрепнување?

Закрепнувањето оди се подобро и подобро, му благодарам на Бога, и се надевам дека сето тоа ќе заврши наскоро. Овде сакам да му се заблагодарам на д-р Милен Врабевски, кој неизмерно ми помогна и продолжува да ми помага, ми обезбеди дополнителен третман во приватните клиники за побрзо да закрепнам, ми ги финансираше часовите по бугарски јазик и бугарска историја, така што се подготвувам за кандидатските студентски испити , ми даде финансиска помош за да почнам да го градам мојот живот во Софија.

Сепак, јас сум само еден од многуте македонски Бугари на кои им помага д-р Врабевски. Неговата поддршка е клучна за нас, за да можеме да се бориме за нашите права и да го заштитиме нашето културно наследство.

Дали сè уште добивате закани?

Да, за жал, речиси секојдневно добивам закани и провокации.

Што очекувате од судското рочиште, кое пред некој ден беше одложено повторно?

Сите веќе знаат од медиумите што се случи на рочиштето оној ден. Мислам дека многу луѓе беа изненадени што отидов да сведочам. Го повикувам правосудниот систем во Северна Македонија да спроведе правично судење и да ги казни оние кои ме нападнаа само затоа што сум македонски Бугарин.

Кои се вашите планови за иднината – како сакате да ви се одвива животот?

Моите планови за во иднина се да се запишам на бугарски факултет и кога ќе завршам да се вратам во Македонија, бидејќи и ние македонските Бугари имаме право да живееме и работиме на земјата на нашите предци.

Како го гледате како напредокот во односите меѓу двете земји, има ли светлина на крајот од тунелот?

Во последните 2 години премногу омраза против Бугарија беше вештачки наметната кај народот во Северна Македонија. Продолжувам да бидам оптимист и се надевам дека конечно ќе го видиме светлото на крајот од тунелот, но тоа пред се зависи од политичарите и институциите во Скопје. Сите гледаме дека Бугарија подаде рака на пријателство, но не можеме да се потпреме само на неа за заедничка европска иднина.

Дали Бугарите во Македонија, тие што ги познавате и со кои комуницирате, се плашат да се декларираат како такви после сите настани од минатата година?

Некои Бугари воопшто не се плашат да си го признаат потеклото, напротив – секојдневно се изјаснуваат и се борат за нашите права, но има и многу други кои се плашат бидејќи не гледаат заштита од постојаните закани и навреди.

Слични Објави