|

ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 25 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО ЈУГОТ НА ЗЕМЈАТА

Речиси 25 килограми висококвалитетен кокаин се пронајдени во автомобил на 49-годишен италијански државјанин при контрола на полицијата и хрватската царина на Јадранскиот автопат кај Бачина, соопшти денеска полицијата, пишува Слободен печат.

Дрогата ја намирисало службено куче, била пронајдена вчера попладне, спакувана во 11 пакувања и скриена под сопатничкото седиште, а била наменета за западноевропскиот пазар.

Началникот на Дубровничко-неретванската полициска управа, Иван Павличевиќ денеска истакна дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во јужна Хрватска во последните 20 години.



Слични Објави