ВО ИТАЛИЈА ОТКРИЕНИ 10 НОВИ ЖАРИШТА НА КОВИД-19

Во Италија се идентификувани се десет нови жаришта на Ковид-19 во различни делови на земјата.

Новите жаришта во Италија, според податоците на Фондацијата “Gimbe”, се Мондрагоне, Болоња, римската болница Сан Рафаеле, гратчето Палма, населбите Монтекио, Болцано, Комо, Прато и Пистоја, Петро Епедокле и Александрија.

Според последните податоци, во Италија вчера биле забележани 255 нови случаи на Ковид-19, а 30 лица починале.