И ОРЦЕ КАМЧЕВ БИ ПОТПИШАЛ ИСТ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА
Тоа е мојот став, не дека нема друга опција, туку таа е единствената опција во која јас верувам. Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум. Тоа се вредности во кои јас верувам и преку кои и државата и сите ние ќе добиеме десеткратно повеќе придобивки од она што го имаме денеска.
Р.Ф. – Престижниот економски магазин во светот „Форбс“ Ве прогласи за најбогат човек во Република Македонија и тоа е големо и светски релевантно признание. Колку трае работниот ден на најбогатиот Македонец?
Камчев: Среќен сум што сум успешен и богат човек и тој успех ме исполнува. Форбс тоа го направи според критериумите кои ги имаат поставено- бизнис, капитал, менаџмент модел и слично . Многу малку се знае дека компанијата е основана пред 30 години, и дека истата е чисто приватна, и не учествувала во процесот на приватизацијата во Република Македонија. Се што е направено е направено фамилијарно од мојот татко, моето семејство, од мене заедно со моите менаџери и вработените и затоа најмногу се гордеам на тоа. Ми значи што како фамилија во континуитет вложуваме во РМ , и продолжуваме да ја развиваме нашата успешна приказна во повеќе сектори. Сигурно не е познат податокот дека на список на нашите компании кои што се поседувани од моето семејство и во кои имаме управувачко влијание, имаме 2976 вработени – бројка која не прави најголем македонски работодавач. Минатата година е исплатена бруто плата од 32 милиони евра или придонеси во државниот буџет околу 12 милиони евра. Тоа се бројки што се факти, а пред фактите и боговите молчат.
Р.Ф. – Што Ве мотивира да работите?
КАМЧЕВ: Сакам да живеам во успешна држава, каде што ќе има среќни луѓе, затоа континуирано ја надоградувам комплетно нашата компанија, инвестирам во сите сектори и се обидувам тоа да биде според модел кој ќе биде поразличен од стереотипите во приватизираните компании, каде голем од нив пропаднаа, со чест на исклучоците каде како посебно позитивен пример би го истакнал Алкалоид. Мојот успех се гледа . Направив гринфилд приказна од една успешна болница. Го имам најмоќниот партнер во регионот , втората светска групација како партнер. Сите пари кои што се заработени од сите трансакции се реинвестирани во РМ во различни сектори , имаме инвестиции и во странство со истите тие партнери и тоа ме прави среќен и тоа сакам да биде мојот живот и животот на моите деца. Сакам да живееме во една стабилна и европска земја, во која младите ќе имаат перспектива и ќе сакаат да живеат во неа, а не како денеска сите да бегаат од истата.
