И ПОСЛЕДНАТА НАДЕЖ ИСЧЕЗНУВА: КУЛУШЕВСКИ ПОВИКАН ВО А-СЕЛЕКЦИЈАТА НА ШВЕДСКА!

Ако постоеше и некаква искра дека суперталентот Дејан Кулушевски би можел да се врати во македонската фудбалска репрезентација, таквите надежи комплетно исчезнуваат откако фудбалерот на Парма се најде на списокот на А-тимот на Шведска за последните два евроквалификациски мечеви со Романија и Фарските Острови.

Кулушевски досега играше за младата селекција на „викинзите“, па шанси да се премисли постоеа, иако селекророт на Македонија, Игор Ангеловски објави дека вторпат бил одбиен од калчолигашкиот тинејџер, па сега одигрувањето на една минута на било кој од двата меча и официјално ќе ги згасне сите надежи дека Кулушевски би можел да игра за Македонија.

Младиот фудбалер пред три години беше дел од младата селекција до 16 години, играше неколкупати, даде четири гола против Црна Гора во триумфот со 7-0, но потоа се премисли и реши пак да игра за Шведска, каде што и е роден.

Извор: Спорт1



Слични Објави