|

И последните денови на владеењето на СДС и ДУИ поминуваат во лаги, манипулации, како и брутална негрижа за здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

И последните денови на владеењето на СДС и ДУИ поминуваат во лаги, манипулации, како и брутална негрижа за здравството и здравствените работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред Нова година им ветуваа вработување на сите лица во здравството кои беа со договор на дело, па ги оставија во неизвесност на почеток на годинава, за сега во март да им кажат „седете дома, нема согласност за вашите вработувања“. ВМРО-ДПМНЕ за ова предупредуваше уште минатата година, Владата на СДС и ДУИ си поигруваше со здравствените работници, за сега во март да им се заблагодари со наредба „седете дома“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат, овие здравствени работници Владата на СДС и ДУИ ги остави на улица, за сега лажно да им ветува дека по избори ќе им го решеле статусот, ќе ги вработеле на неопределено.

„Што правеа СДС и ДУИ седум години освен што го опустошија здравството, избркаа голем дел од медицинските лица надвор од државава?! ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе стави крај на ваквата лоша пракса и ќе покаже што значи грижа за здравствените лица и здравствениот систем воопшто“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави