| |

И пред и по Извештајот: Нема изненадување

Ивон Величковски

Неискрени се изблиците на “разочараност” дека Црна Гора, Албанија, Молдова и Украина се пред нас во ЕУ-интеграциите.

Отпорот кон реформите во (право)судството, отворањето на досиејата на поранешните служби, новиот Кривичен законик… е отпор кон слободата на (право)судството и – со тоа – кон владеењето на правото.

Без владеење на правото останува буџетско-командното стопанство што не’ деиндустријализира и иселува.

За илустрација: Владеење на правото е и санкционирање на криминал и корупција – и навремена исплата на повратот на ДДВ.

Споредбено со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдова, Северна Македонија нема ниту “полесна” ниту “потешка” задача.

Одговорност на оваа политичка генерација е да го оствари приоритетот на нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ низ институционални чекори. Со поддршка од 70% – тоа е полноправното членство во ЕУ.

Тоа значи примена на Преговарачката рамка – вклучително уставните дополнувања.

Слични Објави