И ти си VIP со Александра Трнковска
Кој/a сте Вие?
Јас сум Александра Трнковска од с.Русиново и бидејќи ми било долго името пријателите ме викат Алекс 🙂 . Студентка сум на медицинскиот факултет во Скопје, но во план ми е во иднина да станам и правник. Инаку во принцип сум многу тврдоглава но и покрај тоа освен моите мислења и ставови позади кои секогаш стојам цврсто ги почитувам и туѓите. Брза и јасна во своите размислувања, љубопитна и оптимистички настроена. Пријателите ме доживуваат како две во една. Едната е замислена дискутира за животот а другата духовита комуникативна и секогаш подготвена за дружење и забава.
Вие сте најмоќниот човек во државата, што биле промениле во неа?
Како прво би направила темелни реформи и реконструкција во владата и би одела делумно по принципите на Макијавели. Според филозофот постојат 3 типа на интелигенција:
Интелигенција која ги разбира работите самата – што е одлична.
Интелигенција која ги разбира работите кои другите можат да ги разберат – што е добра.
Интелигенција која ниту самата разбира, ниту пак преку други – што е бескорисна.
И логично ако владата го нема првиот тип треба барем да го има вториот но за жал нашата влада го има третиот тип.
Вашата омилена мисла е…
„Не категоризирајте се себе си, создадете нова категорија“.
Кои се трите предмети што ќе ги земете со Вас на пуст остров?
Секира, моето куче и соларен смартфон.
Која е личноста на која најмногу и се восхитувате и зошто?
Немам конкретна особа, но голема почит и восхит имам кон луѓе кои постојано се борат за своите права храбро и јавно без ограничување ги искажуваат своите ставови и потреби. Со огромен труд и желба се борат за своите добра и успеси но ја негуват и човечноста во себе, без да наштетат на другите по пат на манипулации, интриги, мамења, подлост, алчност… а на денешницата добрината и доблеста веќе почнуваат да спаѓаат во „вид на изумирање“.
Дали се научивте да учите од туѓите грешки?
Јас најдобро учам од своите но учам и од туѓите бидејки животот е премногу краток за да ги направам сите свои 🙂 .
Што е првото нешто на што го/ги научи/вте или ќе го/ ќе ги научите вашето/вашите деца?
Пред се бидете свои, сакајте се себеси и не се срамете од својата природа. Сонувајте и трудете се напорно работете за да го живеете својот сон! Не откажувајте се, патот до успехот е полн со препреки и падови. Ценете ги и радувајте се на малите работи за да знаете како да се носите со големите. Почитувајте за да бидете почитувани.
Која е последната книга што ја прочитавте?
„Убиството во Ориент Експрес “-Агата Кристи
Што може да Ве натера да се насмеете?
Позитивното опкружување, успехот, задоволството на луѓето а уште помило ми е кога сум иницијатор за слатка и од насмевка од срце. Тоа ми овозмозува духовна исполнетост/ комфор.
А да Ве натажи?
Несреќата, незадоволството, тагата на луѓето, пријатаелите, моите блиски… непочитувањето, неблагодарноста, ненаситноста… Со еден збор нечовечкиот однос на луѓето, што во последно време е „тренд“ и нов вид на бон- тон правило.
Каде се гледате по 10 години?
За десет години се гледам како човек кој се пронашол себеси, унапредена во работите што ги сакам, полека но сигурно како се искачувам до посакуваната цел а со тоа и со голем допринос за туѓото и свое добро.


