|

И ти си VIP со Никола Ристески

Кој сте Вие?
Јас сум Никола Ристески од Прилеп со надимак Тесла, човек на кој кругот на пријатели му е милион пати поголем од неговото его. Јас сум електроничар по струка, но за моите пријатели еден вид на психијатар или човек од доверба. Јас сум често пати кловн а понекогаш и критичар без влакна на јазикот кога сум опкружен со најблиските пријатели. Јас сум дете на транзицијата кој го прошетал светот за подобар живот и нови идеи. Јас сум само уште едно од парчињата мозаик што ја сочинуваат сликата на денешните млади луѓе во Македонија.

Вие сте најмоќниот човек во државата, што биле промениле во неа?
Ако бев најмоќниот човек во државава најверојатно би ми следел атентат, затоа што најпрво би почнал со реформи во судството.

Вашата омилена мисла е…?
Мојата омилена мисла…Секој башка будала. Зошто? Затоа што гледано од страна луѓето често пати знаат да те изненадат со некои подвизи или лични одлуки во нивните животи. Можеби за другите се сосема нелогични и непромислени но за нив се баш вистинскиот избор во тој момент.

Кои се трите предмети што ќе ги земете со Вас на пуст остров?
На пуст остров би зел: нож, лупа и ќебе.

Која е личноста на која најмногу и се восхитувате и зошто?
Од сите личности на светот досега што направиле свој личен успех најмногу му се восхитувам на научникот Никола Тесла. Секогаш ме восхитувал ексцентричниот начин на постигнување успеси, штета што мораше да помине скоро еден век за да добие некое признание и значајност во човечката историја.
Многу значи кога со притискање на едно копче можеш да добиеш топла вода, светло, греење или да комуницираш со ближните оддалечени стотици километри.

Дали се научивте да учите од туѓите грешки?
Не, никогаш не се научив доволно да учам од туѓите грешки, друго е кога ќе си ги искусиш од прва рака. Сит на гладен не верува па камо ли гаталец на паталец. Сепак секоја нова грешка е ново искуство, не жалам.

Што е првото нешто на што го/ги научи/вте или ќе го/ ќе ги научите вашето/вашите деца?
Првото нешто на што би ги научил моите деца е да бидат самостојни, да бидат борци, а не зависни од туѓа помош доколку е непотребно. Само тогаш ќе ја стекнат доволно својата самодоверба, а добро знаеме дека луѓе полни со самодоверба се секогаш успешни во животот.

Која е последната книга што ја прочитавте?
Последната книга ми беше: Кој ми го украде моето сиренце. Ми ја препорача еден колега од работа, малку во детски стил напишана да може и помладите читатели да се снајдат и со метафора која опишува различен тип на човечки карактери претставени со глувчиња во книгата.

Што може да Ве натера да се насмеете?
Најчесто туѓата насмевка ме тера и мене да се насмеам. Убаво е кога си опкружен со позитивни луѓе, кога се чувствуваш баш онака добро во својата кожа без дополнотелни грижи.

А да Ве натажи?
Да ме натажат можат повеќе работи, разочарување, губење на ближен, итн.

This slideshow requires JavaScript.

(Ако Вие сакате да бидете дел од проектот „И ти си VIP“ контактирајте не на нашата официјална facebook страна)

Слични Објави