|

Одбележуваме 101 година од смртта на бугарскиот поет од Кукуш Христо Смирненски

На 18-ти јуни 1923 г. во Софија умира познатиот авангарден поет ХРИСТО ИЗМИРЛИЕВ- СМИРНЕНСКИ.

Роден е 1898 г. во Кукуш. Роднините на Х. Смирненски активно участвуват во црковните борби на македонските Бугари и во револуционерните борби за ослободување на Македонија. Тој тргнува на училиште на 6 години и неговата учителка ги открива поетските склоности. Испратен е во Софија кај дедо му поп Анастас Крстев каде што се раширува многу неговиот културен и обштествен видокруг. Христо се запознава со Елин Пелин, Кирил Христов, Стојан Чилингиров и др. и завршува прв и втор прогимназиален клас. Следната учебна година се налага да се врати во Кукуш, бидејќи дедо му умира. Завршува трети прогимназиален клас, а следната 1912 г. започнува Балканската војна и Бугарските војски го ослободуват Кукуш. Во градот започнуват да се добиват бугарските весници и тој ги разпространува. Радоста на населението е мошне кратка, бидејќи избувнува Меѓусојузничката војна. Жителите го напуштат Кукуш, а градот е опожарен од грчките војски. Неговото семејството заедно со илјадници бегалци, се упатуваат кон Софија. Христо се запишува во Техничкото училиште, продава весници и работи како продавач во колонијал. Започнува да соработува со хумористичните изданија на весникот „К’во да е“, потоа во „Българан“, „Родна лира“, „Художествена седмица“, „Смеа и солзи“, „Барабан“, „Сила“. Избувнува Првата светска војна и притапува како кадет во Военото училиште. Избувнува Октомвриската револуција и во училиштето се воведува карантин на комунистичките идеи. Во 1918 г. излегува неговата прва збирка – „Разнокалибрени воздишки во стихови и проза“. Силно влијание врз идејното развивање на младиот поет има Војничкото востание од 1918 г. Смирненски станва сведок на најкрвавиот судир крај Фабриката за шеќер. Ужаснат од жестокоста тој го напушта Военото училиште. Покасно Смирненски станува член на редакцијата на „Българан“ и работи како чиновник, репортер, касиер, редактор, коректор. По решение на Комунистичката партија започнува да излегува хумористичното уметничко-литературно списание „Црвен смев“ каде што Смирненски пишува. Постепено социалната припадност на Смирненски станва решавачки фактор во идеолошкиките погледи и тој се опива со сознанието, дека е боец на пролетариатот. Во 1921 г. станва член на Комунистичката партија. Продолжува да пишува стихотворби во истото списание и во „Освобождение“ до 1922 г. кога ја објавува стихозбирката „Да биде ден“. Со таа творба го воведува поетот како јасно талентирана и добро ограничена индивидуалност – творец и излегуа надвор од границите на политичката и идеолошка ангажираност. Во пролетта на 1921 г. Смирненски се разболува и заминува на Рила за да се лекува. Се враќа во Софија и продолжува да пишува и публикува. Наредната година година одново заминува на Рила. На крајот на годината се враќа во Софија и е особено творечки активен. Туберкулозата не го одминува Смирненски. Во мај 1923 г. е отпечатена неговата последна творба – сатирата „Приказка за стълбата“. Поради превратот од јуни останва без храна и лекарства. Преместен е во санаториум, но е многу доцна. Умира малку пред да наврши 25 годишна возраст.

Зад себе остава над 800 лирски и над 100 прозни дела.

“Во Кукуш живееја околу 12,000 илјади население во огромно мнозинство Бугарско – од околу 2500 куќи, 200 беа турски. Бугарите го држеа високиот дел на градот, а турската маала беше во долниот дел кон „Пашица”. Така се нарекуваше чешмата која се наоѓање во крајот на турската маала…

Кукуш како град сигурно не се разликувал, од кој и да е друг град во Македонија. Сигурно и неговото населението со својот бит, борби, разделение се сливал во обштата маса на македонските Бугари и сепак тој град пред се’ со своето население има резко оцртана духовна физиономија…

Кукушанинот е многу буден, предприемчив, не е туѓ на новите обштествени текови, весељак, премногу критичен, индивидуалист, закачлив и со многу силно развиено чувство за хумор. Предприемливоста на Кукушанинот се покажа особено многу во време на црковните борби, кога тој побара решавање на прашањето за самостојна Бугарска црква во Унијата…

Често научвавме, дека во соседната до нас куќа преноќувала чета, дека во градот бил Чернопеев да собира пари за револуционерниот комитет. Најсилен впечаток ми направи атентатот, организиран над архиерејскиот наместник во градот, двата четници го нападнаа во црковниот двор, кога тој излегувал од црква… Убиството на Сарафов и Гарванов што се случи во Софија долго се коментираше во градот од нашите татковци.

Во 1908 г. беше прокламирана конституцијата или „Хуриетот” – слободата на бугарски, како што кажвавме ние. Тој „Хуриет” за нас се изрази во многу веселби, испиено беше многу вино и уште повеќе анасонка мастика, која што во градот се консумираше во многу големи количества. Четниците слегоа во градот со своето полно вооружување, но разочарувањето настапи многу скоро…”

ЗА КУКУШ – РОДНИОТ ГРАД НА СМИРНЕНСКИ; ДРУГАРУВАЊЕТО СО ХРИСТО, Тома Бучков



Слични Објави