| |

За младите Руси влезени во „шпиунски“ филм

Артем Зинченко отсекогаш му се восхитувал на својот прапрадедо, кој служел во неколку советски одреди во Втората светска војна. Токму поради тоа, кога руската воена разузнавачка служба се поврзува со Зинченко, тој е склон да го прифати нивниот предлог.

Зинченко е уапсен на 9 јануари 2016-та од естонската Служба за внатрешна безбедност, позната под естонскиот акроним КАРО.

Во мај истата година е осуден на 5 години затвор поради шпионажа против Естонија и нејзините сојузници од НАТО. Оваа сабота успеа да ја напушти затворската ќелија пред официјалниот датум за ослободување, како дел од размената на затвореници помеѓу Естонија и Русија.

Во земја како Естонија, која одамна е таргет на руските служби, Зинченко е десеттиот осуден шпион за 9 години и првиот меѓу нив, врбуван од руската служба за воено разузнавање – ГРУ. Неговиот случај е илустрација за начинот на кој руското воено разузнавање се потпира на семејните традиции и ги користи огромниот број потомци на поранешни советски воени, кои се уште живеат во поранешните држави на СССР како извор за врбување на нови шпиони.

Според обвинителството, Зинченко бил регрутиран во 2009 година и почнал да шпионира во Естонија во 2013 година. Неговата главна задача била да собира разузнавачки податоци за воената инфраструктура во земјата.

Бројот на обвинувања против Зинченко е класифицирана информација. ГРУ одлучува да го ангажира Зинченко и покрај фактот што не бил на воена служба. Но тоа не било важно. Таткото на Артем, Игор служел во армијата, дедо му Алберт служел во армијата, а таткото на Алберт, Григориј работел во одделот СМЕРШ на военото контраразузнавање во Втората  светска војна.

Зинченко е особено инспириран од биографијата на неговиот дедо Григориј Гутников. Тоа му помага да изгради романтична перцепција за шпионската професија и да ја посвети својата работа на својата земја.

Бајката на Цинченко е типичен пример за тоа како функционираат руските тајни служби. Тие нашле еден млад човек кој лесно може да се манипулира со ветувања за шпионска кариера како во филмовите.

Семејството на Зинченко живее во Естонија од 1966 година, каде неговиот дедо Алберт, кој бил воен историчар бил испратен на служба на таму.  Во 1991 година, Алберт Зинченко се пензионира од армијата како полковник.  Неговиот татко Игор, исто така бил дел од армијата на СССР, долго време раководел фабрика за тенкови во источниот град Уусуриск. Според информациите, Артем почнал да ги посетува своите дедо и баба во Естонија, речиси секое лето. Тој бил особено близок со неговиот дедо.

Во времето кога ГРУ го регрутира Aртем, неговиот татко веќе се пензиониран, а неговиот дедо е починат.

Зинченко никогаш немал личен контакт со војската, но имал можност да ја продолжи семејната воена традиција. На 22 години, никој не може да знае што сака да направи со својот живот, и таквите луѓе се лесни за регрутација.

Набргу по добивањето на своите први задачи на ГРУ, тој добива естонско државјанство и започнува бизнис. Тој ја основал Dana Investment, именувана по името на неговата сопруга Дана, и почнува да дизајнира и произведува бебешки колички.

Откако Зинченко е осуден, неговиот татко Игор го презема бизнисот со бебешки колички.

Човекот кој ја „купил“ слободата на Цинченко од естонскиот затвор е естонски бизнисмен по име Риево Суси. Суси е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва на 10 февруари 2016 година, кога тој е на пат кон неодредена држава во Централна Азија.

Тој е обвинет за шпионажа и е осуден на 12 години затвор во минатиот декември.  Приказната на Зинченко, најверојатно, ќе се повторува во Естонија, додека се уште има млади мажи кои веруваат дека помагањето на Русија може да биде нивниот начин за доаѓање слава и величественост.

Овие луѓе ја градат идејата дека се избрани и посебни затоа што добиваат таков предлог, но нивното искуство е обично скромно и порано или подоцна тие паѓаат во рацете на контраразузнавачите. Потоа испаруваат сите романтични претстави за тоа што значи да се биде шпион.



Слични Објави