Реализацијата на договорот со Македонија треба да започне, Црквите ја имаат нашата поддршка
Конкретни активности треба да следат веднаш откако веќе влезе во сила Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија. Нашите две академии на науки ќе продолжат заедно да го прославуваат 11 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј. Го дочекавме моментот овој договор да стапи на сила и е многу убаво, дека првите луѓе на двете држави веднаш организирале состанок / Утре претседателот Румен Радев започнува официјалната посета на Македонија, бел.ред. /. Сите ние со нетрпение ги очекуваме нивните ставови во врска со првите чекори кон спроведувањето на овој Договор за соседство.
Има толку многу области каде што работата треба да почне и првите чекори се важни. Прашањата поврзани со економската соработка, со транспортните врски со размената на научници и студенти – тоа се насоките кои двајцата претседатели Румен Радев и Ѓорге Иванов сигурно ќе разговараат и со нетрпение ги очекуваме резултатите од тие разговори.
За односите меѓу двете цркви Неодамна БПЦ покажа добра волја и дојде до тоа што се согласи да биде Црква-мајка на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Можеби тие се подготвуваат да направат заеднички молебен на гробот на Гоце Делчев, бидејќи има двајца наши митрополити во делегацијата на претседателот. Тоа може да се случи и тоа ќе биде добар знак. Во однос на научната соработка меѓу двете земји можам да кажам дека минатата недела бевме на гости кај нашите колеги во Скопје – двајцата претседатели на академиите ја водеа оваа средба. Главната тема за која дискутиравме беше на каков начин двете академии уште посилно да ја поттикнат соработката меѓу двете земји.
Решивме 11 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, повторно да се слави заедно од двете академии во Софија. Ја изменивме нашата програма за оваа година, за да бидеме активни во областа на општествените науки во областа на културата, да размислиме и за заеднички изложби. Ајде да се осигураме дека ќе има средби меѓу младите луѓе и мислам дека она што го поставивме како цел пред двете академии ќе биде исполнето.
Акад. Стефан Воденичаров, поранешен претседател на Бугарската Академија на Науките (БАН) (специјално за БГНЕС)

