|

Македонија со седум претставници на Балканското Првенство во атлетика

Денеска почнува второто Балканско првенство во сала за Младинци-ки, кое се одржува во Софија. Македонија на ова првенство ќе учествува со 7 атлетичари-ки, предводени од тројца тренери.

Од страна на селекторот ЃорѓиВучков на основ на постигнатите резултати и критериумите за меѓународни натпревари се повикани следниве атлетичари-ки и тренери кои ќе земат учество и ќе ја преставуваат Македонија на горенаведениот настан:

 

Aтлетичари :

  1. Јана МИТОВСКА, 2001 ,Работнички 60м
  2. Ајше ХАЛИЛИ, 2000 ,Студенти 60м
  3. Марија ЈОВАНОВСКА, 2001 ,Охрид 400м
  4. Анеса ХАЈДАРИ, 2001 ,Лириа 800м
  5. Бесијана МУСТАФА, 2000 ,Лириадалечина и височина
  6. Милан ВЕЛКОВИЌ, 2000 ,Куманово 60м и 60м пречки
  7. Иван ТИМЧЕВСКИ, 2001 ,Куманово 1500м

 

Официјали:

Селектор :ЃорѓиВучков

тренер :ФилипКолевски

тренер :БожуркаЃошевска

 

Со екипата отпатува и претседателот на Атлетската Федерација на Македонија, Крсто Серафимовски.

Слични Објави