И ТОА ГО ИМА НА БАЛКАНОТ: ФУДБАЛЕР СУСПЕНДИРАН ЗАШТО ИМАЛ ДОЛГ КОН КЛУБОТ!?

На Балканот одамна најгорлив проблем се финансиите, па многу често клубовите им должат на фудбалерите пари, ама во Србија се случи нешто за кое никој нема објаснување, барем засега – фудбалер доби суспензија зашто имал долг кон клубот.

Никој не знае за каков долг станува збор, ниту има образложените, но Никола Аксентиевиќ, кој сега е член на Напредак од Крушевац доби четиримесечна суспензија поради тоа што му должел нешто на својот бивш клуб Раднички Ниш. Арбитражната комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) го суспендирала Аксентиевиќ без да наведе за што точно станува збор и сега овој фудбалер нема да игра фудбал до април идната година, кога ќе добие право за настап.

Како фудбалер може да му должи на клубот, се прашуваат сите во Србија, кога клубот е тој што исплаќа плати и рати според договорот? Но, очигледно на Балканот има „други правила“, па и ваков парадоксален случај. Но, тоа и не треба да изненадува, зашто ФФМ пред четири години во Македонија суспендираше фудбалери откако им ги раскина договорите, поради тоа што штрајкувале за неисплатени плати веќе со месеци.

Извор: Спорт1

Слични Објави