ИДЕНТИФИКУВАНИ УШТЕ 23 ЛИЦА ОД НАСТАНИТЕ ВО ЧЕНТО

/

МВР информира дека, освен трите лица што првично беа приведени за настаните во Ченто од 13 април и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително, по извршени оперативни активности, идентификувани се уште 23 лица.

„Тие се повикани во полициска станица и со нив е извршен службен разговор за што е изготвена соодветна документација. По целосно комплетирање на документацијата, изготвена е кривична пријава против 23 лица за сторено кривично дело предвидено и казниво од КЗ и таа е доставена до Основното јавно обвинителство“, соопштија од МВР.

Покрај ова, а во насока на целосно расчистување на настанот, Министерството за внатрешни работи и понатаму презема соодветни мерки и активности со цел идентификација и на другите учесници и по целосно завршување на постапката, ќе биде доставен дополнителен поднесок до надлежното ОЈО.



Извор: Макфакс

Претходна статија

СОВЕТНИК ВО БЕЛАТА КУЌА: САД ЌЕ ПОБЕДАТ ВО ТРКАТА ЗА ВАКЦИНА ЗА КОРОНАВИРУСОТ

Следна статија

ВЛАДАТА УТРЕ ЌЕ РЕШАВА ЗА СКРАТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести