ИГОР ЈУГ СО ЗА ДОМ СПРЕМНИ ЈА ДОЧЕКА ПРЕСУДАТА ЗА 27 АПРИЛ

Постојат две предавства што човек може да ги направи. Првото е да си ја предаде татковината, а второто е да си го предаде семејството. Многу сум горд што никогаш не сум ги предал моите две татковини. Вие оценете дали сум човек кој би предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка на четири малолетни деца.

Финансиската состојба ми е, што би рекле во Куманово, „голо куче би побегнало“. Терористи се кријат во африкански, јужноамерикански држави. Својата слобода ја плаќаат со милионски суми. Со што би ја платил слободата? Би дресирал кучиња на Орбан? Се чувствувам понижен, требаше и јас 15-ка да изедам. Немам што да ви кажам. Ќе ве поздравам на мојот мајчин јазик „За дом спремни, увјек и навјек, рече Игор Југ откако му беше изречена пресудата за неговото учество во настаните од 27 април.