| |

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на претседатели на OK и именуваше два портпароли на партијата

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера, 02.05.2018 година, одржа седница на која што се расправаше за општествено економската состојба во државата. Презадолжувањето на државата, повлекувањето кредити без реална потреба и без реализација на никакви проекти, според сите анализи водат кон економски крах. Никој не знае на што и како се трошат милионите евра од задолжувањето, кои ќе ги враќаат идните генерации.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека на оваа несовесна политика мора да се стави крај. Државата не може да продолжи по патот на расипништво.

На состанокот беа разгледани и неколку кадровски прашања. ИК именуваше и два портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе и одлука за избор на претседатели на следните ОК:

Иван Јорданов – Штип

Мирче Аџиоски – Струга

Бошко Цветковски – Лозово

Коста Маневски – Зелениково

Анри Андоноски – Крива Паланка

Ѓорѓи Граматиков – Дојран

Митко Костадиновски – Виница

Никола Атанасов – Берово

Јован Тозиевски – Ресен

Миле Лефков – Кочани

Ненад Јовчевски – Тетово

Дарко Костовски – Бутел

Сашо Донев – Охрид

Иванчо Тошевски – Битола

ИК на ВМРО-ДПМНЕ заклучи и дека треба да запре злоупотребата на институциите и државните ресурси за партиски потреби.



Слични Објави