| |

Иљче војвода возвраќа на ударот (2)

Пишува: Маузер

Прв дел: Иљче војвода возвраќа на ударот

10) Зошто Бугарија не даде помош на Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание? (Вашата армија не се интересираше, а нели викате дека сме еден народ)

Илче тука очигледно манипулира со фактите и ги извртува. Од една страна сака да прикаже како на Бугарија воопшто не и било гајле за востанијата и крвопролевањата во Македонија како некаков доказ дека и тогаш дури биле свесни Бугарите дека нема тука Бугари. Интересна теорија, па ајде да ја видиме вистинската ситуација и дали Бугарија навистина не давала помош.

Прво и основно мора да се почне од врвната глупост дека Бугарија не даде помош на Разловечкото востание кое е дигнато во 1876 година, 2 години пред Бугарија воопшто да постои! Како да даде помош, кога самата не постои?!

Втората глупост и чиста лага на Иљче е непомагањето на Кресненското востание. Не знам дали му е познато тоа на туристот од Халкидики, но ова востание е кренато само неколку месеци откако Бугарија почнува да постои како вазално кнежество на Османската Империја како што е договорено во Берлин. Многу е важно да се знае контекстот на настаните кога Бугарија е „држава“, иако де факто едвај има институции и војска кои се формираат под надзор на привременото руско управување. Сепак и покрај тоа востанието го организира меѓу другите и комитетот Единство кој е чиста бугарска организација каде што членува голем дел од бугарската политичка, воена и интелектуална елита. Еден од нив е и Стефан Стамболов кој е познат и како бугарскиот Бизмарк. Комитетот Eдинство исто така испраќа странски школувани офицери како Адам Калмиков, Луј Војткиевич и Мирослав Хубмајер во служба на Бугарија да доаѓаат со стотици доброволци и оружје за да се дигне востанието. Подоцна тие меѓу себе и со дел од локалните водачи имаат конфликти околу текот на востанието и начинот на кој тоа да се раководи кој македонската историографија сака да го протне како наратив во кој Бугарија намерно го саботира востанието за да ги „заебе“ Македонците. Сепак останува фактот дека целата логистика и голем дел од борците доаѓаат од Бугарија што е спротивно од тврдењето на уважениот Илија.

И третата е конкретно за самото Илинденско востание каде што повторно е важен контекстот. Тој е дека Бугарија е сеуште вазал на Отоманската Империја, иако веќе има голема доза на самостојност. При целиот тек на востанието таа е во тензична состојба и на раб на војна во која што не може туку-така да влета. И не само што за да помогне би требала да влезе во војна со многу поголемата и посилна Османска Империја, Бугарија е соочена и со воена интервенција против нејзе од страна на Русија и другите околни сили. Позната е и анегдотата каде што востаниците од Странџа гледаат руски бродови на хоризонтот мислејќи дека ќе им помогнат, а тие всушност се пратени таму да се осигурат дека Бугарија нема да интервенира.
Тоа е за пасивноста на Бугарија, но и покрај се востанието го раководат во голем дел офицери на бугарската армија и од Македонија и од „стара Бугарија“, доброволци пристигаат од Бугарија, оружјето во најголем дел доаѓа од Бугарија, востаниците упатуваат апели само до Бугарија, бегалците бегаат во Бугарија и востаниците се повлекуваат кон Бугарија. Надвор од местата зафатени со борбите, Бугарија е таа што го изнесува целиот товар и последиците од востанијата – Илинденското и Преображенското. Бидејќи Илче сака да каже дека бугарската армија не се интересирала за Илинденското востание бидејќи не биле Бугари, зошто тогаш истата пасивност е и кон востаниците во Одринско?
Исто така, кога нели се работи за две целосно одвоени нации зошто само бугарски офицери се дел од македонското револуционерно движење? (Да не мислите дека Христо Чернопеев или било кој друг бугарски воен офицер ќе одел да напушти се за да се бори за некакви си етнички Македонци? Што би рекол поранешниот премиер Заев – мало сутра.)
Зошто речиси исклучиво доброволци доаѓале од Бугарија? Зошто бегалците сите бегале кон Бугарија? Тука патем го замолувам функционерот на партијата од Ваљево да им објасни на потомците на тие бегалци како тоа нивните прадедовци не биле Бугари. Ако не било движењето бугарско и востаниците со бугарска свест, тогаш зошто потребата од апели кон Бугарија и толкава помош од таму? Зарем не би требало таа да е малку пошаренолика и да има по некој со врски од Србија или можеби со Грција која што е многу поблиску до местата каде што се одвива востанието? Зошто само и исклучиво Бугарија? Зошто е целиот тој притисок кон Бугарија, зошто заканите со војна кон Бугарија, зошто сите странски фактори очекуваат Бугарија да ги „подбере и смири“ востаниците? Одговорот само може да биде еден освен ако не сакате да се правите со сила будали.

11. Дали Бугарија го потпиша Букурешкиот договор за распаѓање и поделба на Македонија?

Ова е веројатно една од поглупавите точки од сите 19 небаре Бугарија со насмевка на лицето го потпишала Букурешкиот договор. Букурешкиот договор надвор од македонскиот наратив за поделба на Македонија (која што не постои тогаш патем) е пред се мировен договор со кој Бугарија потпишува капитулација!
Капитулација затоа што влегува во војна сама против сите за да дојде до што поголем дел од Македонија иако веќе го има Пиринско, Струмичко, целиот источен дел од Егејска Македонија и речиси цела Тракија. Што е тоа што ги терало Бугарите да се будалат, при толку златни места со кои добиваат излез на 2 мориња и стануваат убедливо најголемата балканска држава, да ги нападнат своите довчерашни сојузници? Одговорот е прост , затоа што остануваат голем број сонародници надвор од Бугарија. Не е важна територијата, при цело Одринско да оди во војна за Малешевијата или за Пелагонија може само или будала или некој кој што има останато свој род и крв на другата страна од границата. Мотивите за почетокот на Втората балканска војна Илче може да ги прочита директно од раката на Тодор Александров во неговото писмо до војводите на ВМОРО напишано во предвечерието на војната.

12. Дали ги предадовте најголемиот дел од Македонците на владеење на Грција и Србија?

Одговорот од погоре важи и за оваа ментална повраќаница. Бугарија е поразена во 2 војни во помалку од 5 години и дава стотици илјади жртви затоа што не сака да ги остави Македонците на владеење на Грција и Србија. До толку Бугарија се жртвува бидејќи не сака да ги остави своите браќа на Грците и Србите што дури и „таткото на Македонизмот“ Крсте Петков Мисирков е импресиониран и во тие години негува бугарски националистички занес.

13. Дали во ПСВ вашата армија употребуваше неконвенционално оружје бомбардирајќи ја Битола?

Немам извор за такво нешто, но и да било така што од тоа? Франција не користи на територијата на Франција такви оружја? Дури Франција е првата завојувана страна што употребува некаков гас – солзавец во август 1914 година, а откако Германците ќе станат првата страна што ќе употреби смртоносен гас ниту една завојувана страна не се воздржува да употребува разни хемиски оружја на сите можни фронтови.

14. Дали и зошто Ополчението во ПСВ во тек на војната го пративте да војува на Тракија, а не во Македонија?

Во текот на Првата светска војна Ополчението војува токму на територијата на Македонија. Тоа е прекрасно опишано од началникот на Штабот на 11 пешадиска македонска дивизија подполковник Петар Д’рвингов. Ополчението војува во Тракија за време на Првата балканска војна.

15. Дали во вашиот Парламент уште пред ВСВ има дебати, дискусии и признанија за посебноста и засебноста на македонскиот народ и јазик?

Го замолувам Илче да не се служи со некакви шпекулации и да каже кога и каде конкретно има такви дебати и каде Бугарија сака „да ја признае засебноста на македонскиот народ и јазик“ (каква дебилна формулација)? Како тоа некоја држава може да признае засебност на еден друг народ? Држава може да признае само друга држава, се друго е само проектирање фантазии за сегашната состојба во минатото.
Тука единствено можам да претпоставам дека авторот можеби мисли на еден единствен говор на Димитар Благоев? Ако е тоа е во прашање, истото е многу далеку од дискусии и признавање на некаква посебност. Во исто време инаку би сакал да го упатам господинот Димовски да земе да ја прочита неговата автобиографија, во коja тој самиот пишува дека е роден во „чистото бугарско село Загоричани“.

16. Дали во Македонија имаше отпор и војна помеѓу Македонците, предводени од партизанските одреди кои носеа имиња на илинденците, од една страна и бугарската армија од другата страна?

Да има и тоа совршено ја илустрира шизофренијата и збунетоста на македонистите и тогаш и денес. Како на друг начин да се објасни дека одредот „Питу Гули“ војува против синот на Питу Гули кој е водач на контрачетниците во тој регион? Како да се објасни дека името на Гоце Делчев го „краси“ еден од партизанските одреди додека внуците на тој Гоце се бугарски кметови во Куманово и Демир Хисар? Или одредот „Даме Груев“, а синот на неговата сестра е единствениот убиен бугарски полицаец на фамозниот 11ти октомври 1941 година – дента кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Битола. Јасно е дека од секогаш сте биле збунети и обезглавени. Младите партизани слушнале за Гоце, за Даме, но сиротите здоени и збунети од југословенско-комунистичката пропаганда дигнаа рака врз нацијата врз чија припадност ја декларираа истите. Иако, да бидеме фер и меѓу партизаните има многу Бугари и бугарофили, а партизанското движење е распространето и во самата Бугарија. Секоја чест на комунистите кои успеаа да натераат Бугарин да крене рака на Бугарин.

17. Зошто во Бугарија се пеат македонски песни, а во Македонија никогаш не се пееле песни за Ботев, Левски, Раковски, Стефан Караџа, за Русе, Видин, Габрово?

18. Зошто во нашиот фолклор и преданија никогаш ги немало Аспарух, Асен, Ботев или Левски?

Дали е сигурен во своето тврдење Илија? Дали не си ги отворил „Бугарски народни песни“ на браќата Миладиновци и да не видел таму песни за царот Шишман и Момчил војвода?
Дали не слушнал за „Турскиот паша од Панаѓуриште“ (сите Бугари со слабо срце и нерви ги предупредувам пред да го отворат ова хорор дело) и Рајна Комитата? Песната за Левски од Тиквешко, Капетан Брдаров од Охридско, Черниот Гарван за смртта на Чернопеев при Криволак или „Завојот на Црна“ (искасапена македонистичка верзија на песната на следниот линк) ?
Од каде Делчев и сите дејци на ВМОРО растеле идолизирајќи ги Васил Левски, Христо Ботев итн., До толку биле обземени со приказните за нивните подвизи што дури и својата организација ја нарекоа Внатрешна по пример на неговата и се водеа според неговите принцип. Гоце на пример дури истепал соученик што кажал лош збор за Левски, а според Ѓорче Петров кога говорел пред народот и ги инспирирал тој им раскажувал за Ботев и неговите места Клисура и Панаѓуриште.(Линк)
Имало Илче песни и приказни и ќе има и понатаму. Само како е дојдено сега времето и нашиот музички вкус што се плашам дека за 100 години некој друг Илија Димовски во иднината ќе ни ги погледне песните што ги пееме и изведуваме низ народот ќе заклучи дека сме чисти Срби.

19. Дали во историјата во последните 10 века има записи за населување на Бугари во Македонија или па сосема обратно има населување на Македонците во Бугарија?

Како добро одбран период, последните 10 века откако се завршени сите миграции на Словените и на Прабугарите. Инаку Илче е прав, миграција од Македонија кон најмногу Тракија има низ целиот период на Отоманското владеење. Само за пример ќе го дадам големиот род на Вазови кои уште во 18 век се населуваат од Егејска Македонија во Сопот. Е сега Иљо, како бе тие испаднаа да бидат Бугари, а на никој не му текна дека е етнички Македонец потомок на Аминта и Пердика? Како тоа македонштината е условувана само од локацијата дали е некој во Македонија или не? Зарем Македонец веднаш што се исели од Македонија станува нешто друго? Чудно малку….

(Крај)



Слични Објави