ИМА И МАТИЧНИ ЛЕКАРИ КОИ НЕ ВЕРУВААТ ВО КОРОНА ВИРУСОТ, НЕ ГИ ПРИЈАВУВААТ ПАЦИЕНТИТЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ И ГИ ЛЕКУВААТ ДОМА

//

Лекарската комора испрати апел до дел од матичните лекари кои се уште не веруваат во постоење на корона вирусот, пациентите не ги испраќаат на тестирање и ги лекуваат во домашни услови.
Нивното соопштение на Фејсбук, го пренесуваме во целост:

„Лекарската Комора на РСМ од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, континуирано испраќа апели како до граѓаните, така и до вас, за доследно почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Мерките за заштита, како на работното, така и вон работното место, се официјални мерки препорачани од Светската здравствена организација, а Министерството за здравство секојдневно ги повторува и апелира до граѓаните да се придржуваат до нив.

Сепак, загрижувачки е фактот што еден дел од колегите сè уште своите лични убедувања ги ставаат пред сознанијата и насоките препорачани од Светската здравствена организација и државните здравствени авторитети и власти, при што се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија. Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата.

Почитувани, вашите колеги кои работат на Клиниката за инфективни болести и оние биле таму да помагаат, оние кои работат во ГОБ “8 сeптември” и во Итната медицинска помош, колегите од Куманово, колегите од Дебар и многу други, ги споделија своите искуства на социјалните мрежи и во сите медиуми и сето тоа имавте можност да го прочитате и видите. Вирусот е тука и за жал, носи жртви! Како ќе им објасните на семејствата на починатите дека е вирусот нешто што треба да се занемари?

Бараме да ги почитувате сите протоколи препорачани од Светската здравствена организација и од Министерството за здравство за заштита од Ковид-19!

Бараме да се однесувате одговорно како на вашето, така и вон вашето работно место!



Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија!

Сè друго го руши нашиот улед како фела!“



Претходна статија

ПАРТИИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО МЕЃУСЕБНИ ОБВИНУВАЊА ЗА БРОЈОТ НА НОВОЗАБОЛЕНИ

Следна статија

ГДУ: ДВОЧАСОВНОТО ШОУ НА КАРАЏОВСКИ ПОКАЖА ДЕКА СИТУАЦИЈАТА НЕ Е ПОД КОНТРОЛА

Најново од Вести