Има жртви во големата експлозија во германски Леверкузен
Во огромната експлозија во германскиот град Леверкузен, најмалку едно лице го загуби животот, но се стравува дека бројката може да биде повисока, со оглед дека четири лица се водат како исчезнати, а има и неколку повредени.
Експлозијата се случила во вторникот наутро во 9:40 часот, во простории на фабрика за отпад. Градските власти издадоа наредба сите да останат дома, да се заслонат во затворени простории и да ги затворат прозорците и вратите.
Во компанијата покрај отпад, се складирале и уништувале опасен отпад и високи токсични материи. Властите проверуваат колку чадот може да влијае на здравјето на граѓаните на Леверкузен.
Извор: Zoom.mk
