|

Имавме комунистички закон направен од Дарт Вејдер – Ковачевски тврди дека измените на Кривичниот законик се во комуникација со ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека измените се направени во комуникација со ЕУ и во согласност со законодавства што важат во Европската Унија. Вели дека со ЕУ водиме скрининг-процес и разговараме, а за сите процеси е разговарано.

„Измените што беа направени се во согласност со законодавства што важат во ЕУ. Тоа што претходно имавме закон во кој казните беа направени од комунистичко време, беа направени од некој, како што јас го нарекувам, Дарт Вејдер на македонското судство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат“, рече премиерот Ковачевски.

Во одбрана на измените премиерот рече дека со нив не се штити никој, туку се добива многу, како што е проширена конфискација. Сега со новиот закон, вели Ковачевски, се дефинираат 422 кривични дела врз основа на кои може да се гони секој што злоупотребил.

За предлог-законот за амнестија, Ковачевски истакна дека затворите се пренатрупани и постојат во светот други инструменти на казнување, како што е работа во општествени цели.

Слични Објави