| |

In Memoriam: Nijazi Muhamedi

Владимир Перев

Почина албанскиот новинар, публицист и интелектуалец од Тетово, Нијази Мухамеди. Беше мој пријател во едно непоматено пријателство кое траеше речи си четириесетина години. Заедно ги поминавме годините на престројувањето на македонското општество, сцилите и харибдите на управувачките “елити“ на МРТВ, делејќи ја тешката судбина со сите вработени. Бевме сиромашни и незадоволни, за потоа да живееме нормално и да бидеме огорчени. 

Нијази беше интелектуалец од висока класа. Тежината во вербалниот израз беше надоместена со сувереното владеење на францускиот, македонскиот и неговиот роден јазик, албанскиот. Оние кои знаат повеќе од мене, говореа дека неговот познавање на албанскиот јазик, неговите норми, како и творечкиот опус во неговиот писмен израз, се уникатна појава на Балканот, меѓу творците на албански. Имаше врски со сите албански интелектуалци овде, на Косово и во Албанија. Беше почитуван и признат специјалист и автор. 

За македонците, оние кои се интересираа, неговата книга “Поглед отспротива“ (2003), збирка на раскази, написи и есеи, беше книжевно и јазично откровение. Еден чист и јасен македонски јазик, преполн со архаизми одамна заборавени кај нас македонците, јазик со една цврста и осмислена синтакса…беше мајстор на пишаниот збор. 

Времето однесе едена личност со вредности, а јас загубив ценет пријател. 

Моите мисли се со сочувствота за неговото семејство и блиски…а Тебе Нијази, Бог да ти даде светлина на патот кој сите ќе го изврвиме! 

Слични Објави