|

Инфлацијата во еврозоната падна на 5,5 отсто

Најниска годишна стапка на инфлација во јуни е забележана во Луксембург – еден процент, додека највисока е во Унгарија – 19,9 проценти.

Во Европската унија, јунската инфлација, од 7,1 отсто во мај, падна на 6,4 отсто, додека во јуни минатата година беше 9,6 отсто, објави Ројтерс.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни изнесува 5,5 отсто, што е намалување во однос на мајските 6,1 отсто, објави Евростат.

Ваквиот резултат е во согласност со претходните прелиминарни прогнози.

Инфлацијата во еврозоната во јуни минатата година изнесуваше 8,6 отсто, потсетува Танјуг.

Во Европската унија јунската инфлација од 7,1 отсто во мај падна на 6,4 отсто, додека лани во јуни изнесуваше 9,6 отсто.

Слични Објави