| |

Иницијативата EastInvest ќе обезбеди најмалку 28 милијарди евра инвестиции за Бугарија и уште 8 земји од источното крило на ЕУ

Механизмот EastInvest („Инвестиции на Исток“) ќе обезбеди најмалку 28 милијарди евра приватни и јавни инвестиции во региони во Бугарија и уште осум држави од источното крило на ЕУ, кои граничат со Русија, Белорусија и Украина, соопшти портпаролот на Европската комисија Мачеј Берестецки, пренесува БНР. Тој прецизираше дека средствата не се од Комисијата. Иницијативата ќе биде објавена од ЕК утре.

Иницијативата се спроведува во соработка со Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Северната инвестициска банка, Банката за развој на Советот на Европа и националните промотивни банки од деветте засегнати држави.

Повеќе региони во Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Литванија, Латвија, Естонија и Финска се особено погодени од хибридна војна, инструментализирана миграција, економски и трговски потреси, како и од демографски пад.

Бугарија е особено погодена од пад во секторот туризам. Бројот на ноќевања на странски туристи во земјата и во други засегнати земји членки е намален за околу 10–35%, а обемот на железничкиот товарен превоз е намален за до 75–80%.

Бугарија е погодена и од поголемата енергетска интензивност и поголемата зависност од рускиот гас и нафта. Така беше зголемен ударот од растот на цените на енергијата и храната, а инфлацијата беше поттикната до нивоа невидени со децении, истакнуваат од Комисијата.



Слични Објави