| |

ВО ЉУБИН ТАТКО СО „МАЗДА“ ГО УДРИЛ ТРИГОДИШНИОТ СИН

Тригодишно дете било тешко повредено во несреќен случај кога неговиот татко без да го забележи го прегазил со автомобил додека влегувал во дворот, вчера во скопското село Љубин.

Според полицијата, несреќата се случила во 19 часот. Додека И.В.(42) влегувал во дворот од неговата куќа управувајќи автомобил „мазда”, без да забележи, го удрил неговиот тригодишен син.

Детето било однесено во комплексот клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди.



Слични Објави