Бугарскиот институт INSAIT ќе го претстави BgGPT 3.0
На 26 март од 10:00 часот во Synergy Tower, во рамки на Sofia Tech Park, ќе биде официјално претставен BgGPT 3.0 – новата генерација национален бугарски јазичен модел, јавува БГНЕС.
Технологијата, развиена од INSAIT при Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“, се смета за стратешки важна за суверенитетот на Бугарија во областа на вештачката интелигенција.
Целта на настанот е пред медиумите да се претстават новите можности на BgGPT 3.0 и неговото значење за земјата. Новата верзија може да извршува значително покомплексни и специфични задачи и нуди поедноставно користење. Со тоа, бугарските граѓани ќе добијат слободен пристап до производ од светско ниво, обучен на нивниот мајчин јазик.

