| |

Коридорот 8 и поуките за иднината!

Христо Михајлов

Во современиот свет улогите се испомешани, затоа што политичарите стануваат марионети во рацете на организираниот криминал, политолозите- кастрирани празнодумци, а професионалните криминалисти треба да се зафатат со политика, оти без нив ќе ни биде премногу тешко правилно да се ориентираме во џунглата, којашто се уште како по инерција ја нарекуваме меѓународни односи. Такви се парадоксите на историјата, кога често пати воените конфликти се преобратуваат во вистински тест за способноста на една политика и особено на дадена демократија. 

Инфрастурктурните коридори на Балканите пропаѓаат во обсегот на стратегиските интереси на повеќе европски држави, а воедно и на САД и Русија. Реонот на Тетово силно го привлекува вниманието на тие држави, бидејки во ридовите над градот под Шара, кои што за цивилизирана Европа изгледаат толку далечни и примитивни, се пресекуваат најразлични интереси и лични судбини, кои излегуваат вон контролата на самите балкански народи. Новопојавена причина беше и обидот за конечната изградба на автопатот, со кој преку територијата на Северна Македонија ќе се поврзат Р.Бугарија со Р.Албанија и Црно море со Јадранско море. Точно таа е и трасата на трансевропскиот Коридор бр.8 кој што со расклоненија на железнички линии и гасопроводи требаше да ги поврзе Драч и Валона со Тирана, Скопје, Софија и пристаништата Варна и Бургас.

По бугарските терминали на Црно море веќе се проектирани нафто и газопроводи, кои ќе ги префрлаат от бреговите на Грузија, енергетските богатства на Каспиското море и Централна Азија. Тие треба да доставувани до Јадранско море и до италијанското крајбрежје. На тој начин Балканите, кога ке се започне од Трст, ќе бидат вклучени во еден раширен Близок исток. Но со паѓањето на Милошевиќ од власт, се возобнови западниот интерес кон Коридорот бр.10. Тој е и комуникациона оска север југ, која низ Северна Македонија го сврзува грчкото пристаниште Солун со Белград, а потоа и главниот град на Србија со Северна Европа. Интересно е да се подвлече дека координатор за Коридор бр. 8 е Италија, а за Коридор бр 10 Грција. Официјална Атина очевидно е заинтересирана да го засили значењето на комуникациите со Солун, кој што рака на срце, е правото пристаниште на Јужните балкани, како и со правецот Виа Игнација, што го пресекува од запад на исток Халкидискиот полустров меѓу пристаништата Игуменица и Александрополис. 

Наметнатата претстава за Албанците како заеднички македонско-српски непријател своеверемено може да се нарече еден од најголемите успеси на одредени кругови во Грција. Така се раскина една вековна традиција на соработка меѓу ВМРО и албанските револуционерни од Косово и Македонија против Белград, отклонувајќи се од политиката на зближување со Бугарија и Албанија. Владата на Љубчо Георгиевски (не)свесно беше само заложник на србокомунистичките кроежи за спојување на Северна Македонија со српско- грчките интереси, дури тоа да се плати и со распаѓањето на државата! Одличен параван за тие интереси беа замислите во хаосот на воените дејствија од 2001 г, да се претстави некаква слика за македонско-српски операции против заедничкиот “непријател“-Албанците. 

Наметнатиот наратив за албанскиот отпор во Косово и за самото албанско население во Северна Македонија, ја породи вештачката криза меѓу Албанците и Македонците. Анализирајки надвор од догматичната методологија на ЕУ и НАТО како и егоистичките цели на одредени кругови во Атина и Белград.

Стратегијата на спротивставувањето на Албанците, наспроти мнозинското население на Северна Макеоднија не е во интерес ниту на Албанците, а уште помалку на Македонците.  Тоа спротиставување беше благодатна почва за српско-грчката соработка во Северна Македонија. „Албанскиот сепаратизам“ во Северна Македонија е многу удобна алатка во рацете на сите оние заинтересирани сили, коишто не сакаат да дозволат, во никаков случај, да биде разрушен моделот на контрола по вертикалата север-југ. Дури и денес кај нас се заштитува тој модел насочен против опасностите од коридорот Исток Запад, а наводниот албански сепаратизам е одличното средство за одвлекување на вниманието.

Овие поуки од минатото, треба да послужат како насоки за иднината. Да се створи свест и кај Македонците и кај Албанците, за заеднички јасни напори за воспоставување на Коридорот 8, бидејќи токму тој коридор е картата за влез на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и е гарант за нивната вистинска независност. 



Слични Објави