Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски што ги откри лажните научни звања на владини функционери, денеска изјави дека правната држава е закопана.
Илиевски пред новинарите кажа дека му се суди за тоа што ја информирал јавноста за неправдата околу научните звања на високи функционери од власта.
Инспекторот истакна дека добил критика од комисијата дека зборувал јавно за проблемот пред медиумите и заради своите средби со амбасадорите на Франција и Холандија. Илиевски изјави дека очекува да добие отказ