|

Институтот за војна: Русите го сменија генералот што ја водеше војската во Бахмут поради слаби резултати

Руските воени блогери шпекулираат дека руското Министерство за одбрана го сменило генерал-полковник Андреј Сичевој од неговата функција како командант на Бахмут поради лошите резултати на фронтот јужно од градот, во близина на Клишчивка и Андријивка, според Институтот за проучување на војната ( ISW).

Според ISW, инструктор на „Бура З“ на 1 октомври предложил руското воено раководство да го отстрани генерал-полковникот Сичевој поради слабата подготовка и поддршка за контранапади кај Андријевка и Клишчивка.

До неговото разрешување во септември 2022 година, генералот Сичевој командуваше со Западната група сили во регионот Харков. Неговата моментална позиција во руската армија е непозната.

Претходно оваа недела, ISW соопшти дека украинските сили напредувале во близина на селото Орихово-Василивка, кое се наоѓа 11 километри северозападно од Бахмут во регионот Доњецк.

Слични Објави