Интервју со Столтенберг: Сакаме да ви посакаме добредојде во НАТО, но името мора да се реши

///

Г-дине Столтенберг ова е прва ваша посета на Македонија. По речиси четири години во земјава доаѓа генерален секретар на НАТО. Вашата посета се случува во многу важен период за нашата земја кога очекуваме решение за името со Грција и забрзување на евроатланската интеграција. Која ќе биде вашата главна порака до македонските власти?

– Имам две главни пораки за време на мојата посета на Скопје. Прво, дека остануваме посветени на поддршката на вашата земја на патот кон членството во НАТО. Ова е во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и повторена во нашите декларации во Велс и Варшава.

И второ, работата на вашата Влада на реформите е исто така важна за НАТО. Затоа ве охрабрувам да продолжите со спроведувањето на реформите, кои ќе го зајакнат владеењето на правото и вашите демократски институции.

Решавањето на прашањето за името е задача на вашата држава и Грција со посредство на Обединетите Нации. Не е до мене да предложам решение. Но јас го поздравувам моментумот од неодамнешните состаноци и ја охрабрувам вашата Влада да истрае во овие напори.

Како го оценувате придонесот на Македонија во меѓународните мировни мисии, Македонија речиси 15 години придонесува во мировните мисии, Ирак, Авганистан, мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина и мисијата на ОН во Либан?



Ние сме благодарни за долгогодишните придонеси кон нашите операции и мисии во Авганистан и во Косово. Го цениме вашиот зголемен придонес кон нашата мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан оваа година и вашата континуирана поддршка со линиите за комуникација на КФОР во Косово.

Ова како и другите придонеси кон нашите операции во текот на многу години покажуваат дека вашата земја е извозник на безбедност, што ја прави нашата евроатлантска зона побезбедна и посигурна. Исто така, добредојдени се и вашите придонеси во други операции под покровителство на ЕУ и ОН. Тие обезбедуваат солиден и вреден придонес кон меѓународната безбедност, во полза на сите.

Дали очекувате Македонија на Самитот на НАТО во Брисел на 11-ти и 12-ти јули да добие покана за членство и, како што повеќе пати досега напоменуваше македонскиот премиер Зоран Заев, да стане 30. земја членка?… (Прочитајте го целиот напис овде)

Претходна статија

Најдобриот македонски ММА борач Дејан Стефаноски ќе се бори на турнирот European beatdown 3

Следна статија

Следува пекол во Вараждин: Против Чешка и Данска во рок од само 20 часа

Најново од Вести