Иран возвраќа: На „црната листа“ ставени 61 Американец, има и познати имиња
Иран денеска објави дека вовел санкции за уште 61 Американец.
Санкциите ќе го погодат и поранешниот државен секретар Мајк Помпео, поради неговата поддршка за дисидентската група „Муџахедин-е-Калк“ (МЕК).
На „црната листа“ објавена од иранското Министерство за надворешни работи се и Рудолф Џулијани, адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп и поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, објави „Ројтерс“.
Санкциите, кои претходно беа наметнати на десетици Американци, им дозволуваат на иранските власти да ги замрзнат нивните средства во Иран, но бидејќи тие немаат имот во таа земја, одлуката е главно симболична. Џулијани, Помпео и Болтон учествуваа на различни настани поврзани со групата МЕК и ја изразија својата поддршка за неа.
Во јануари Иран воведе санкции за 51 Американец, а во април на „црната листа“ стави уште 24 Американци.
Индиректните разговори меѓу Иран и САД за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година започнаа во ноември минатата година во Виена и продолжија во Катар во јуни, но оттогаш се заглавени.
Извор: Temite