ИСЧЕЗНАТИОТ СИБИРСКИ ЛЕКАР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, ПРОНАЈДЕН ЖИВ

/

Министерот за здравство на рускиот сибирски регион Омск, Александар Мураховски кој стана светски познат откако беше првиот кој на контроверзниот руски опозициски блогер Алексеј Навални му пружи помош по наводното труење со нервен агенс, е пронајден жив откако исчезна во петокот, соопшти во понеделникот локалното министерство за здравство.

„Мураховски дошол до луѓе во областа на селото Басли, Тој е во добра состојба. Сега е на прегледи во болница во регионот Белшеуковски“, се наведува во соопштението кое го пренесуваат руските агенции. Агенцијата ТАСС од извори од спасувачките служби дознава дека Мураховски излегол од шумата на 32 километри од селото Поспелово.

Исчезнувањето на Мураховски било пријавено цел ден откако во петокот 7-ми мај со квадроцикл заминал од ловната база во селото Поспелово, на 270 километри од Омск. По еден ден безуспешни самостојно трагање, неговите пријатели во саботата вечерта ја известиле полицијата. Официјално исчезнувањето беше потврдено во неделата 9-ти мај вечерта, кога на шест ипол километри од шумската база бил пронајден неговиот квадроцикл.

Во потрага ан 49-годишникот покрај волентерите од локалните здруженија за потраги и спасувања „Лиза Алерт“ и „Доброспас“, учествувале и полицација и припадници на Руската гарда и на министерството за вонредна состојба, инспектори по ловство, а беа користени и хелоптери и беспилотни летала. Омската полиција изрази благодарност за сите кои учествувале во потрагата.



За подоцна се најавени повеќе поединости за тоа каде лекарот се движел и како ги преживеал изминатите денови, и што е причината да нема контакт со пријателите во ловната база.

Александр Мураговски стана челник на министерството за здравство за Омската област ланскиот ноември. До тогаш беше главниот лекар на Ургентната болница Бр.1, каде ланскиот август беше пренесен Алексеј Навални откако му се слоши на летот од Мурманск за Москва.

Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ И ЗУРАБИШВИЛИ ПОТПИШАА ДОГОВОР ЗА БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ

Следна статија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: БЕЗ СОФИЈА РС МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Најново од Вести