ВМРО-ДПМНЕ: МИЦКОСКИ НА ЛИДЕРСКАТА ЌЕ РАЗГОВАРА САМО ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека на лидерската средба во петок претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе разговара само за предвремени парламентарни избори. Портпаролот на партијата Димче Арсовски вели дека е јасно дека Заев е исплашен од соочувањето со граѓаните и свесен дека на следните избори ќе доживее тежок пораз по кој ќе мора да се соочи со законот. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го чека епилогот од најавената лидерска средба, а доколку не се создадат услови за предвремени избори партијата ќе ја разгледа можноста истите да ги издејствува на друг начин кој не вклучува протести на улиците или напуштање на институциите.

