| |

ПОРТПАРОЛОТ НА ГРЧКАТА ВЛАДА: НЕМАМЕ ИНТЕРЕС ДА СМЕ ПРОТИВ ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ

„Не е во наш интерес да сме против преговорите на нашата соседна земја со ЕУ“- изјави портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас. Во своето прво интервју како гласноговорник на новата грчка влада, Пецас истакна дека Грција ја очекува „тешка“ битка за заштита на нејзините интереси во процесот на евроинтеграција на Македонија.

Пецас подвлече дека неговата партија била против Договорот од Преспа, но сега Владата ќе се концентрира врз тоа да ја промовира грчка Македонија и грчкиот бренд Македонија.

Слични Објави