|

МПО во 1953 г. за агентите на српскиот конзулат кои се обидуваат да пропагираат фалсификувана историја на Македонија меѓу македонската емиграција во Чикаго

„Кога ја имаш предвид, драг читателу, предавничката тенденција на напишаното од агентот на српскиот конзулат во Чикаго, воопшто не треба да те чуди зошто дури и самиот тој се срами да си го каже името. Тој ја негира целата историја на Македонија. Сака да нè претстави како труп, без душа, без свест, без совест – аморфни – како што Цвијиќ во свое време го скрои подмолниот план. Но која совест, освен поткупената, ќе го прифати ова осакатување на нашето прекрасно народно минато? Која мајка ќе му го одрече својот јазик на својот син? Кој син, освен каинов грешник, ќе се откаже од татковиот завет?

За честа на Македонија, македонските Бугари на овој континент во текот на три децении не им подлегнаа на туѓите агенти. Нема да го сторат тоа ни во иднина, зашто знаат дека проклетството дури и на мртвите од гробовите ќе ги прогонува дење и ноќе сè додека се живи.“

Македонска патриотска организација во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка – „Каде ги стегаат чевлите. Лагите, противречностите и подлоста во една брошура, напишана наводно за Илинден“, објавено во весникот „Македонска трибуна“, год. 27, бр. 1395, Индијанаполис, САД, 19 ноември 1953 година.

Извор: Библиотека Струмски



Слични Објави