Исламска Држава: Ние сме во вашиот дом

//

Човек со шал на Исламска држава (ИД) изгледа игра нешто како џихад варијанта на детската игра “Ку-ку”.

На фотографијата тој го крие своето лице со озлогласеното лого на терористичката група, но покажува доволно за да се  види каде се наоѓа: Централ Парк во Њујорк, во текот на зимата.

“Ние сме во вашиот дом”, гласи наједноставниот текст под фотографијата, објавена неколку дена по Божиќ и распространета во познат џихадиски интернет канал.

Не е познато точно кога е направена фотографијата, но пораката е застрашувачка. Таа порака се  повторува во слични натписи во последниве неколку недели. На сите нив се прикажани борци на Исламска држава,  клучни објекти во западни градови, со повици кон следбениците на ИСИС да извршат напади, без разлика каде се наоѓаат. “Време е да ги собереш главите”, вели гласот зад снимката во еден сличен видео запис.

Тоа е типичната програма на пропагандната машина на Исламската држава, која продолжува работа три месеци по падот на главниот град Ракка во Сирија.

Самопрогласениот калифат беше свиткан до грст населби во сириската пустина, но “виртуелниот калифат” продолжува да се бори, претставувајќи ја ослабената организација како фактор.

Објавените материјали се променија значајно по падот на Ракка каде порано се наоѓаа официјалната медиумска дирекција и филмските студија на групата. Веќе ги нема видеата кои го опишуваат животот под исламистичкото управување. На нивно место има постојан прилив на покани, речиси сите насочени кон поттикнување на терористички напади и детални инструкции за нивното извршување.

Некои од нив се аматерски и изгледа не потекнуваат од професионални студија, туку од блогери и други доброволци, кои често не се тесно поврзани со терористите, токму тие делуваат без “официјални” насоки или инструкции. Аналитичарите на тероризмот велат дека Исламската држава станува зависна од слични платформи кои можат да шират пораки на десетици јазици, насочени кон одредени групи луѓе и не можат да бидат запрени лесно со воени удари.

Во исто време, официјалниот портпарол на групата дава нови знаци на активност. Минатата недела агенцијата “Амак” го објави првото соопштение на англиски од средината на септември, непосредно пред падот на Ракка. Во првите недели на 2018 година беше забележано и нагло зголемување на сообраќајот на поддршка на ИСИС во социјалните медиуми, во споредба со сообраќајот во претходните месеци, покажува анализа на приватната фирма за следење на екстремистичката дејност во интернет SITE.

“Исламска држава покажува први знаци на преструктуирање на медиумските операции”, вели Рита Кац, извршен директор на SITE. “Групата доби тешки удари од нападите на коалицијата и режимот, но веќе очигледно презема големи чекори за враќање на претходните пропагандни операции, кои се најопасното нејзино оружје”.

Последната засега пропагандна кампања покажува тешкотиите со кои се соочуваат вработените, кои се борат против тероризмот, кога се обидуваат да ги спречат екстремистите да се поврзуваат со потенцијалните терористи во САД и во западните земји. Постојат стотици профили на групата во социјалните медиуми, преку кои терористите и нивните поддржувачи продолжуваат да ги шират своите посланија свои, велат аналитичарите.

Објавувањето на селфито на џихадистот во Њујорк беше дел од извонредна кампања која почна во неделите пред Божик и траеше до почетокот на јануари. Неколкуте видеа и фотографии кои се појавија на интернет во текот на овој период се обидуваа да создадат впечаток дека борците се кријат насекаде. На фотографиите се гледаат познати објекти како Ајфеловата кула во Париз, мостот во Сиднеј и небото над Лос Анџелес.



Сликата во Њујорк се чини дека била направена пред Музејот на уметност до Централ Парк. Не е јасно дали таа е вистинска или монтажа.

Коментар на еден од записите предупредува за претстојните терористички напади и нуди насоки на поддржувачите како да создадат хаос за време на божиќните празници, кога улиците ќе бидат преполни со луѓе.

“Подгответе (експлозивни) направи и ставете ги таму каде што слават”, се вели во текстот. ” Запалете ги нивните домови , убијте можно поголем број неверници со возило, или избодете ги повеќепати со нож”.

Експертите кои ги следат џихадиските канали, велат дека општиот впечаток е за активна пропагандна машина која не се потресла особено ниту пак почнала да нуди умерена содржина. За да се обезбеди пристап до најширока можна публика, пораките обично се преведуваат на повеќе јазици, вклучувајќи ги и англиски, руски, урду, па дури и кинески.

“Кога ќе се погледне неофицијалните материјали на организацијата, таму нема пад”, изјави Стивен Сталински, извршен директор на Блискоисточниот институт за медиумски истражувања, невладина организација со седиште во Вашингтон. “Има толку многу материјали – толку многу сметки и нови разговори – а нови се појавуваат секој ден”.

Во средината на декември федерални службеници уапсија 26-годишен калифорниец обвинет дека планира во божиќната недела да изврши напад врз познатата трговска зона “Кеј 39” во Сан Франциско. Американски официјални лица изјавија дека осомничениот поранешен маринец изразил поддршка за исламска држава во социјалните медиуми.

И двајцата осомничени за извршените напади во Њујорк минатата година – узбекистански имигрант Сејфуло Саипов, и имигрантот од Бангладеш Акајед Уллах  – исто рекоа пред властите, дека биле инспирирани од пораки на исламската држава.

Секој обид за терористички напад, успешен или не, стимулира, бранови од силни чувства меѓу онлајн џихадистите и ги охрабрува да ја користат на истата тактика, вели Стивен Сталински, автор на книгата „Американски предавник – биографија на еден припадник на Ал Каеда“ .

“Дури и ако тоа е мал напад, тој и дава сила на виртуелната ИСИС. “Доволен е само еден напад за да се создаде многу енергија за нови терористички потези,” дециден е Сталински.

Автор: Џоби Ворик; Вашингтон Пост

Претходна статија

Македонија без капитенот Лазаров на дуелот со Данска

Следна статија

Велика Британија нема да депортира државјани на ЕУ после излезот од Унијата

Најново од Анализи & Коментари