Македонија без капитенот Лазаров на дуелот со Данска

//

Селекторот Раул Гонзалес направи измена во нашиот состав, па така на местото на капитенот Кире Лазаров шанса ќе добие Гоце Ојлески.

Капитенот нема да ризикува па затоа нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска.

Кире Лазаров се повреди на мечот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот.

Ојлески првпат ќе добие шанса на ова ЕП, а ќе влезе во игра како замена на единственото лево крило во нашата репрезентација, Дејан Манасков кој промаши исто така пенал за израмнување и барем освојување на еден бод.



Натпреварот Данска – Македонија се игра денеска од 18.15 часот.

 

Претходна статија

Турските паралелки во кичевската гимназија трет ден ја бојкотираат наставата

Следна статија

Исламска Држава: Ние сме во вашиот дом

Најново од Вести