ИСЛАНД ТЕСТИРАЛА ЗА КОРОНАВИРУС ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД ДА СЕ ПОЈАВИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО ЗЕМЈАТА

/

Исланд спроведе тестирање за новиот корона вирус на 10 отсто од својата популација, а оваа мала земја што брои 364.000 жители, почнала со тестирање еден месец пред да се потврди првиот пациент на нејзина територија.

Студијата објавена оваа недела во американското научно списание New England Journal of Medicine од исландски научници и локалната компанија deCODE Genetics, подружница на американски Amgen ги прикажа резултатите од тестирањето, почнато на 31 јануари, пред болеста предизвикана од коронавирус дури и да го добие името Ковид-19 и повеќе од еден месец пред да се прогласи пандемијата.

Со програмата се реализирани две кампањи на тестирање. Со едната, опфатени се лица со симптоми слично на оние предизвикани од коронавируси и лица кои се вратиле од најризичните земји или кои биле во контакт со заразените, а во втората кампања, покрената од deCODE Genetics на 13 март тестирани се Исланѓани без симптоми или со благи симптоми кои не биле во изолација.

Студијата открива дека дури 43 отсто од луѓето кои биле позитивни на тестот немале никакви симптоми или немале во моментот на тестирање.



Според најновите статистички податоци, во Исланд има 1.739 потврдени случаи, од кои 1.144 оздравеле, а 8 починале.

Претходна статија

ЧУЛЕВ: ПОДНЕСЕНИ СЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 21 ЛИЦЕ ЗАРАДИ НАСТАНОТ ВО СИНГЕЛИЌ

Следна статија

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: КАЗНИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ КОИ НЕМА ДА ОСТАВАТ РАСТОЈАНИЕ ОД 2 МЕТРИ МЕЃУ ПАТНИЦИТЕ ВО АВТОБУСИТЕ

Најново од Вести