Историско интервју на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел за „Македонска трибуна“ печатениот орган на МПО во САД и Канада
За прв пат во својата речиси 100 годишна историја весникот „Македонска трибуна“ објави интервју со бугарски министер за надворешни работи, а имено Марија Габриел, вицепремиер и министерка за надворешни работи на Бугарија. За овој историски момент јавува генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков преку својот профил на социјалната мрежа Facebook.
Во интервјуто Габриел посочува дека меѓучовечките контакти меѓу граѓаните на Бугарија и РС Македонија остануваат одлични на секојдневно ниво и подвлекува дека патот за европската интеграција на Северна Македонија поминува низ т.н. Француски предлог, заклучоците на Советот на ЕУ и уставните измени; спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговите протоколи од 2019 и 2022 г.
Габриел е децидна дека Бугарија нема и никогаш нема да има нови улови кон РС Македонија.
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија потсетува дека следната средба за Коридор 8, ќе се одржи во Софија ова лето, бидејќи како што вели таа транспортно-комуникациските врски меѓу Бугарија и Северна Македонија се многу важни и од перспективата на воената мобилност и меѓусебната поддршка. Нивниот развој ќе ја консолидира отпорноста на НАТО и ЕУ во сегашната комплицирана геополитичка ситуација.
Во „Македонска трибуна“ се забележани и прокламациите на гувернерите на Илиноис и Мичиген за 3 март 2023 г. како Ден на ослободувањето на Бугарија, во кои се се признаваат достигнувањата на македонските Бугари во САД, кои дошле во Америка во првата половина на 20 век.
„Македонска трибуна“ е печатен орган на Македонската патриотска организација (МПО) во САД и Канада, создадена во 1922 г. од македонски Бугари. Првиот број на весникот излегува во 1927 г. и веднаш потоа е забранет во Југославија и Грција, бидејќи е сметан за пробугарски. По 1945 г. Бугарската комунистичка партија го забранува и во Бугарија.
Од 1927 до почетокот на 90-те години весникот се издава на литературен бугарски јазик во неговата стара форма, а потоа се издава на англиски јазик.
Генералниот конзул Станков во својата објава на Facebook изразува благодарност до Централниот комитет на МПО, до претседателот на МПО Метју Стефанов и главниот уредник на весникот Бојан Лазаревски за нивниот придонес за излегувањето на овој историски број на најстариот и најугледен весник на македонската емиграција во САД.
МПО е природниот мост за решавање на проблемите на Балканот, пишува генералниот конзул Светослав Станков во својата објава.