| |

ИСТРАГА И ПРИТВОР ЗА ДИЛЕРОТ КОЈ СНАДБИЛ ДРОГА ЗА ЗА ЗАБАВАТА ВО СТАНОТ ВО ЦЕНТАР

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Станува збор за случајот со родендеската забава во изнајмен стан во центарот на Скопје, која полицијата вчера ја растури.

„Во изнајмен стан на улицата ‘Црвена Вода’, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанци: 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога“, информираат од обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка куќен притвор.​



Слични Објави