„Шиле” – монографија за актерот Васил Шишков
Во фоајето на Македонскиот народен театар денес во 18 часот ќе биде промовирана монографијата за актерот Васил Шишков, чиј автор е новинарот и театарски критичар, Борче Грозданов.
Промоцијата е организирана по повод 48 години од раѓањето на Васил Шишков кој почина пред три години. Монографијата ја објави издавачката куќа „Феникс“, ќе ја претстави рецензентот Христо Петрески, а извадоци ќе чита актерот Сенко Велинов.

