Истрага за силување на малолетничка во прилепско

/

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​​



Претходна статија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Шведска

Следна статија

Амбасадорката Флоренс Робин: Компромисот меѓу РСМ и Бугарија ја гарантира иднината

Најново од Вести