ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ УДРИ ПО ПАНДЕВ ЗАШТО ГИ – ГУШКАЛ СОИГРАЧИТЕ!

/

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, кој вчера даде еден гол и ја најави големата победа на Џенова против Милан на „СанСиро“ го изиритирал италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора со еуфоричната прослава, по која министерот буквално распали по Македонецот и тоа зашто – се гушкал со соиграчите.

За италианскиот министер Спадафора, кој бараше Калчото да се прекине после указот на Апенините со кој се забранува буквално сè на чизмата, се изреволтирал зашто Пандев и соиграчите се гушкале по дадениот гол на срумичанецот.

„Фудбалот продолжува да поставува лош пример. Денешниот излив на емоции на Пандев, прегрнувањето со неговите соиграчи е најдобар доказ за тоа“, рекол министерот за „РАИ“.

Министерот за спорт ги повикува фудбалерите да ги лимитираат контактите меѓу себе.

„Мора да носиме одлуки кои ќе го штитат здравјето на Италијанците“, додал министерот.

Фудбалерите имаат забрана да се ракуваат, ама прашање е како може да избегнат безбројни дуели за 90 минути, кои се практично исти како и гушкање, ракување…

Извор: Спорт 1

Претходна статија

НОВИ ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

Следна статија

ЕУ Е ПОДГОТВЕНА ДА ПОСРЕДУВА ВО ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ПРИШТИНА И БЕЛГРАД

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи