ИТАР ПЕЈО ОД СЕЛО МУРТИНО

//

Шегобиецот Итар Пејо, почна некако прекумерено да се шегува со македонскиов народ, а пак овие од матичнава партија премногу ја запазиле хиерархијата што дури и во вакви траги-комични ситуации (овој правец го предводи и воедно го промовира Итар Пејо со неговите ујдурми) сопартијците климаат со главите и ракоплескаат, но всушност немаат храброст (политичка свест) да се спротистават и да го сопрат ова безредие.

Сакајќи да ги издвојам најдобрите испади, сам себеси си зададов тешка задача, тоа ти е исто како да ги издвоиш најголемите злодела на Грујо и Мијалков, но не знаеш од каде да почнеш и како да ги издвоиш.

На самиот старт од неговите јавни и истакнати настапи имаше еден од најголемите бисери кога сакаше да јаде живи луѓе, Ханибал во акција и тоа без маска. На место број два е удварањето кон најсекси девојката (ЕУ), со кое го надмина и Амди- Кока-Кола. И за крај на првото место каде и се претставува на јавноста како брокер кој во неколку наврати не знаеше да пресмета колку биле 5 по 6, а што ли ќе беше ако се оствареше сонот за министер на финансии?! За наша голема среќа Итар Пејо се откажа! И сѐ уште имам двоумења околу изборов , но нека остане вака.

Испадите може некогаш ќе не насмеат, но некогаш не растажуваат, бидејќи мораме да ја погледнеме реалноста во очи и да се помириме со тоа дека вакви неадекватно структурирани личности можат да ја водат нашата држава. Впочем ако можела Украина да има комичар за претседател, па зошто ние да не можеме да имаме траги-комичар. Всушност комичарот во Украина нема испади и екцеси, но нашиов само да види двајца- тројца собрани и влегува во шема.

И за крај истиот тој шегобиец има 40 советници, но и покрај 40 други глави кој што го советуваат тој најавува и одјавува, назначува и разрешува, а најинтересниот дел е што тоа го прави во цели 5 минути. Сите се сеќаваме на заклетвата дека нема да се промени името, потоа за Уставот, потоа за двојазичноста, но како и во други случаи, сигурно зборувал на јазикот на македонските егејци, пошто нели тие на друг јазик зборуваат!!! Некој може да си помисли дека сум ги заборавил датумите и влегувањето во ЕУ, ни случајно! Сепак нема место за сѐ и секако за Итар Пејо се работи! И ако би можел да го опишам човекот со еден збор тоа би бил „мултитаск“ (секако на јазикот на егејските македонци).

П.С. Бидете мирни и не го чепкајте да не случајно му текне утре пак да посака да биде министер за финансии.

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид





Претходна статија

ЏАМБАСКИ: БУГАРИЈА НИКОГАШ НЕ ЗАЗЕДЕ СТАВ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПО ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО, ЗА НАС НЕ СТЕ НИТУ СЕВЕРНА НИТУ ЈУЖНА ТУКУ БРАТСКА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ФОКУС: ГРУЕВСКИ ВО СУДНИЦА ВО БУДИМПЕШТА, СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НЕГОВА ЕКСТРАДИЦИЈА

Најново од Истакнато