|

Иван Михајлов: 100 години од создавањето на Бугарската егзархија

Извор: Библиотека Струмски

…Жалење предизвикуваат оние српски и денешни титовски автори кои тврдат дека Егзархијата создала Бугари во Македонија, кога вистината е токму обратна — имено, онаа така добро изнесена во споменатите српски весници од минатиот век, дека македонските Бугари, заедно со своите браќа од исток и север, ја создадоа Егзархијата, по четириесетгодишна борба. Бугарски училишта и читалишта имаше низ Македонија, како и во Тракија и Мизија, уште пред создавањето на Егзархијата; постоеше и длабока бугарска свест во текот на вековите.

Браќата Миладинови умреа во цариградските темници како борци за својата бугарштина долго пред да се појави Егзархијата. Григор Прличев се откажа од грчките благонаклоности во самата Атина, останувајќи верен на својата бугарштина; Јордан Џинот и Рајко Жинзифов од Велес беа — како и Прличев — бугарски учители и со редок ентузијазам и гордост ја истакнуваа бугарштината на македонските Словени — сите тие дејствуваа пред да имаме Егзархија. Маса факти и цел легион дејци од Македонија можат да се посочат како горешти Бугари од времето пред султанскиот ферман за основање на Егзархијата. Странскиот научен свет го знае тоа; го знаат и политичките канцеларии. Го негираат само тираните кои и денес ја држат во своите крвави канџи нашата татковина.

Никој во тоа време не можеше насила да го тера народот во Македонија да се впрегне во една борба за свои цркви и училишта, ако тој самиот не ја сакаше. Тој беше оној што ги исфрлаше од храмовите грчките владици. Тој ги издржуваше своите училишта. Дури откако со своите војски ја зазедоа Македонија, Србите и Грците ги затворија бугарските цркви и училишта, како што постапија и таканаречените „југословенски“ власти. Во тој поглед, што се однесува до Македонија, султанот бил сто пати подемократски и полојален…

Иван Михајлов: „100 години од создавањето на Бугарската егзархија“, објавено во весникот „Македонска трибуна“, год. 44, бр. 2223, Индијанаполис, САД, 26 февруари 1970 година.

Слични Објави